Премиерот Никола Груевски денеска му се јави на новиот претседател Зоран Заев и му ja честитал победата, дознава НОВА.
Честитката следуваше попладнево откако во интервју за НОВА, Радмила Шеќеринска упати критика дека секој премиер, во современа држава досега би му упати честитка на новиот лидер на опозицијата – потег што Груевски не го стори дотогаш.
Изворите на НОВА информираат дека во четврток во 13 часот Заев ќе има средба во Владата со премиерот Груевски.