Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски повикан во СЈО за необјавени бомби, на повидок нов случај

0
By Влатко Чаловски on November 22, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот премиер Никола Груевски денеска беше повикан на распит во Специјалното јавно обвинителство, за како што рече обвинителката Катица Јанева, предистражна постапка во финансиска истрага поврзана со електрична енергија.

По распитот, Груевски зеде десетина минути пауза близу објектот на СЈО, по што се врати да даде изјава пред медиумите.

Во меѓувреме, Јанева во изјава информираше дека бидејќи се работи за предистражна постапка за нов случај, сите повикани се во својство на сведоци.

„Груевски беше повикан во својство на сведок за финансиска истрага што се води во СЈО. Предметот е во предистражна постапка за земена провизија за струја“, изјави Јанева, дополнувајќи дека предистражната постапка е отворена врз основа на два телефонски разговори меѓу две лица, кои досега не се објавени во јавноста.

За Груевски пак, неговото сведоштво пред обвинителите од СЈО денеска, претставува малтретирање на граѓаните, и сценарио за тој да се појавувал пред медиумите.

„Денеска бев повикан како сведок во една нивна предистражна постапка. Им реков дека ова што го работат е незаконски, дека мандатот им е истечен и дека ова е малтретирање на граѓаните во услови кога не можат да поднесуваат обвиненија. Но за да не излезе дека сум одбегнувал да дојдам, дојдов, им го кажав тоа што го кажав и одговорив на неколку прашања. Целта на ова е наместо да се зборува за промената на името, за незголемувањето на платата на лекарите, за двојазичноста, да се зборува за тоа дека сум бил повикан во СЈО. Се е ова политички, јас сум работел законски, и ова е политички за да се оттргне внимание и на некој начин да се замајува јавноста“, рече Груевски и додаде дека не може да зборува за предистражната постапка.

Околу „бомбите“, тој рече дека прислушуваните разговори како докази во судските постапки на СЈО не може да се употребуваат како докази според Законот за кривична постапка.

Според него, незаконски прибавени материјали не можат да бидат доказ во суд ниту од нив да се изведуваат други докази.

Јанева воедно информираше и дека е задоволна од пресудата за предметот „Таргет-Тврдина“ во кој во раздвоена кривична постапка за едно лице, врз основа на признание на вина, на обвинетиот му е изречена алтернативана мерка-условна осуда за кривичното дело „Помагање на сторител во извршено кривично дело“.

Во случаите „Таргет“ и „Тврдина“, кои се споени во еден обвинителен акт, првообвинети се поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнвање (УБК), Сашо Мијалков, ексначалникот на петтата управа, Горан Грујовски, поранешниот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, и уште десетина лица.

За Грујевски и Мијалков таа очекува дека ќе добијат највисока казна од судот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.