СДСМ прават сериозни грешки со ова што сега се случува. Влезени се во некој нивни филм дека немало да се повлечат, дека ќе прават борба итн. Значи, во еден затворен систем во посебен филм во кој од штета во штета се оди и за нив како партија и за државата, изјави Груевски во Свети Николе, по обиколката на подрачјата зафатени од поплави.
Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ смета дека опозицијата има време да размисли до недела за подадената рака.
– Измената на Законот е донесена во Парламентот. Можноста е на маса и се надевам дека и таму ќе преовлада разумот и дека ќе ја променат нивната одлука што ја донесоа, истакна премиерот Груевски.