Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски: Со политичка директива утре ќе ме прогласат за виновен

7
By Нова ТВ on September 4, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Екс премиерот и екс лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски на прес конференција во Собранието најави дека утре ниту тој ниту неговите адвокати нема да се појават на јавната седница на Апелација каде што ќе се одлучува по неговата жалба за двегодишната казна затвор за набавката на мерцедесот во случајот „Тенк“.

-Нема да бидеме декор на однапред инструирана пресуда и на однапред донесена полтичка одлука за овој случај, рече Груевски, додавајќи дека  него не го суди судот, туку политиката.

Груевски потоа опширно зборуваше за, како што ги нарече, политичките притисоци врз судиите кои треба да ја донесат оваа одлука.

-Имам сигурни сознанија дека на 30 август откако се одложи седницата на барање на моите адвокати, бидејќи беа на друго сидење, в.д. претседателката на Апелација, откако врз неа била направено политичко влијание ги повикала сите судии еден по еден со дирекно барање седницата наредниот ден по секоја цена да биде одржана и да донесат осудителна пресуда со цел да бидам затворен најбрзо што може, рече Груевски, додавајќи дека според негови сознанија имало дури предлог да му се намали казната на под една година затвор, за да не може да се жали на Врховен суд.

-Планот бил на 31 август да почне и да заврши, а на 7 септември да се објави пресудата што можеби и ќе се случи, но може и да има мала промена, бидејќи поради предолгото траење на таа седница, продолжението е пролонгирано за утре 5 септември. Имам сознанија дека инструкциите се добиени од многу повисока инстанца, од многу значаен фактор и барала секој судија да потврди дека ќе гласа според нејзината сугестија, а ако не може, да се повлече, рече Груевски.

Според него, повеќето од судиите првично се спротивставиле. Но, на крајот само еден судија останал на тоа и потоа бил сменет и заменет со друг судија, што според Груевски е спротивно на АКМИС системот. И затоа неговото барање да се испита дали изборот на судии е според АКМИС системот било одбиено, рече тој.

Тој потсети дека во петокот му бил закажан термин на седница кога сите негови адвокати присуствувале на друго рочиште за настаните од 27 април, каде судијка е Добрила Кацарска, а нему како што рече му бил потребен целиот адвокатски тим , бидејќи бил ангажиран за различни сегменти од одбраната.

-Намерата беше да останам сам, да може полесно да се протурка седницата. Уште поинтересно е дека за продолжението за седницата за утре пола мои адвокати се повикани на друго рочиште каде судијка е Кацарска, рече Груевски.

Потоа тој говореше дека нема докази за ниту едно криминално негово однесување во предметите.

-Власта зборуваше дека се украдени милиони и милијарди, ги прашувам сега каде се милијардите?, рече Груевски, додавајќи дека нема ниту едно дело за корупција и затоа како  што рече сега му судат во процес „во кој сум обвинет дека сум сакал да се возам во блиндирано возило“, додавајќи дека намерата е да биде затворен во предвечерието на референдумот.

Тој упати порака со судиите дека ако дозволат да надвладее политичката директива, „ќе ме направите мене поголем, а вие ќе останете помали“.

-Се работи за искусни судии, но тие се во моментов се под огромен политички притисок, рече Груевски на прес конференцијата, додавајќи дека ова е „дно на сите дна, до кое е доведено политизираното судство во државата“.

Тој уште рече дека ова време ќе помине и ќе дојде време кога народот ќе ја врати власта и ќе се преиспиа, како што рече нивното работење.

На информациите што беа објавени преку документ на Викиликс дека во 2008 година се согласил на промена на името на државата, рече дека се тоа „јалови обиди на власта“.

-Секому му е јасно зошто сум пред судот. Ако се согласев со се што бараа Грците, денес ќе беше друга песна, рече тој.

Груевски не дозволи прашања од новинарите и најави дека за тоа ќе има други денови.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.