Премиерот Никола Груевски, заедно со владина делегација која ја сочинуваат министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и заменик министерот за економија Христијан Делев, денеска престојува во во Република Литванија.
Како што соопшти владината прес-служба, македонскиот премиер ќе има средба со литванскиот колега Алгирдас Буткевичиус и со претседателот на Парламентот, Видас Гедвилас.
Премиерот Груевски и владината делегација ќе присуствува и ќе ги презентира можностите и поволностите за инвестиции во Македонија на бизнис форумот во Вилнус, кој е организиран во соработка со Стопанската комора на Литванија.