Груевски дал ветување дека ќе го смени името на Македонија и ќе постигне договор со Грција до 15 април, пишува порталот на албенски јазик Алмакос, повикувајќи се на дипломатски извори.
Според објавата на Алмакос, власта во јуни ќе распише референдум за граѓаните да се изјаснат дали го прифаќаат предлогот.
Се чека медијаторот на ОН за името, Метју Нимиц да ја посети Македонија на почеток на април и да даде предлог кој Груевски ветил дека ќе го прифати, пишува Алмакос.