Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Титаник: Најдобро е контрола на летање да го врти авионот во воздух

0
By Нова ТВ on October 18, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судењето за Титаник на СЈО за изборните нерегуларности продолжува на 24 октомври откако на денешното рочиште во Кривичниот суд беа пуштени околу 90-ина „бомби“ и беше прекинато по барање на обвинетиот Илија Димовски да може да присуствува на седница на собраниска комисија.

Во предметот „Титаник“ предложени се повеќе од 1.000 аудио снимки во листата на материјални докази од СЈО, од кои на досегашните рочишта преслушани се повеќе од 600.

Најголем дел од „бомбите“ на денешното рочиште беа од 24 март 2013 година, за локалните избори, од кои се слуша како Миле Јанакиески се јавува по луѓе, за да се информира како оди излезноста и дали се јавуваат и работат за излезност на гласачите.

Од разговорите можеше да се чуе како Јанакиески, по план и саат се јавува по луѓе и им кажува кога „да притиснат повеќе, да се работи во кол центрите, кога „да истурат повеќе луѓе каде се послаби, па дури и да се јавуваат по фирмичиња со кои имале соработка“, а кога пак „да престанат со јавување и сите луѓе да ги изнесат да одат од врата на врата“.
Освен со претседатели на месни комитети и пониски членови од партијата, Миле Јанакиевски разговара и со поранешниот премиер Никола Груевски, екс министрите Гордана Јанкулоска, Никола Тодоров и Антонио Милошоски, но и со Амди Бајрам и Драган Павловиќ Латас.
Во разговор со Гордана Јанкулоска, Јанакиески вели дека во 4:00 и 4:30 доаѓаат два авиона со Албанци во Охрид, па двајцата размислуваат како да ги спречат да гласаат, „дали да го задржат некако авионот да врти пред да слета, дали скалите за симнување да се постават подоцна или пак да се направи некоја сообраќајка, да се преврти трактор да не може со коли да ги земат“.
– А, да превртиме камион со песок или нешто така цело да се блокира, му вели Јанкулоска на Јанакиески.
Јанакиески во разговор со Никола Груевски му кажува дека се работи и дека имаат 100 кол центри што цело време се јавуваат, но и за резултатите и можноста да има втор круг во Центар, каде Миле го уверува дека ќе бидат 600 плус минус разлика со СДСМ.

– Да ни беа преспанциве ќе  завршевме работа, вели Груевски и му вели „види таму со нашиве да прават и неважечки за после да правиме записници“.

Во „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за за финансирање изборна кампања.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.