„На средбата беше договорено, досегашниот краен рок за постигнување согласност за извештајот на комисијата, 14 август, да се пролонгира и истиот да биде до петок, 23 август по што доколку не биде постигната согласност ќе се смета дека не може да се постигне конечно решение. За договорените активности во наредниот период јавноста ќе биде навремено информирана“, соопшти Секторот за односи со јавноста на Владата.
„Во периодот што следува да се вложат последни напори за откочување на процесот, негово интензивирање и донесување на конечно решение околу извештајот на комисијата, како последен обид за постигнување договор, чие евентуално недонесување ги загрозува европските перспективи на Република Македонија“, соопштуваат од Владата по средбата на премиерот Груевски со лидерот на СДСМ, Заев.