Добитничката на глобалната награда за едукација Сандра Грујевска во вечерашниот дебатен магазин „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека треба да се врати достоинството на наставниците.
„Наставниците денеска бараат само достоинство, тоа е првата реформа, сакаме да го вратиме достоинството на наставниците. Во реформите сакаме да бидат наставниците вклучени целосно во ревидирање на наставниот план и програма“, истакна Грујевска.
Таа вели дека „избегала“ од државниот сектор затоа што сакала слобода, односно ја мачело ограничувањето.
„Проблем ми беше слободата на час, запишувањето на час, проблем беше сето тоа што требаше да го внесам наместо да ја истакнам мојата креативност и сето тоа што јас сметам дека треба да биде вклучено во еден час“, додава Грујевска.