Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грузија избира претседател

0
By Нова ТВ on October 27, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По еднодецениското владеење, претседателот Михаил Сакашвили (на насловната фотографија) не смееше да се кандидира повторно за функцијата. За фаворит на денешниот прв круг од гласањето се смета Георги Маргвелашвили, кој е кандидат на владеачката коалиција „Грузиски сон“ на премиерот, милијардер, Бидзина Иванишвили, што победи на парламентарните избори одржани минатата есен. Евентуалниот избор за претседател на 44-годишниот Маргвелашвили, кој е филозоф по образование, би ја засилила власта на „Грузиски сон“.

Можно е, меѓутоа, тоа да не трае долго, бидејќи Бидзина Иванишвили изјави дека ќе поднесе оставка по претседателските избори. Маргвелашвили е екс-министер за образование и поранешен вицепремиер. Тој е недоволно познат во јавноста. Неговата главна надворешнополитичка цел е да ги продолжи тесните врски на Грузија со Западот, но и со Русија – баланс, што земјата и онака не успеа да го постигне.

Главни соперници на Маргвелашвили се Давид Бакрадзе (41), кој беше номиниран од партијата на Сакашвили „Единствено национално движење“, и Нино Бурдзанадзе (49). Бакрадзе беше претседател на парламентот од 2008. до 2012. година и е математичар по образование. Бурџанадзе е една од водечките фигури на грузиската Револуција на розите од 2003. година. Кога Сакашвили беше избран за претседател, таа стана претседател на парламентот, но поднесе оставка на почетокот на 2008. година и почна да го критикува постигнатото од претседателот во областа на демократијата. Бурдзанадзе е адвокат по образование.

Според анкетата на Националниот институт за демократија Маргвелашвили во првиот круг ќе освои 39 проценти од гласовите, Бакрадзе – 18 проценти, а Бурдзанадзе – 13 проценти.

Извор: Дојче Веле

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025
ФОКУС

Трамп му се закани на Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас и ослободетеги заложниците веднаш!

ВЕСТИ October 3, 2025

Американскиот претседател, Доналд Трамп во најновата денешна објава на неговата социјална мрежа Truth Social, остро…

Четири групи во Европарламентот ќе поддржат недоверба против Фон дер Лајен

October 3, 2025

Јато дронови над белгиска воена база – НАТО го вклучи алармот

October 3, 2025

30 години од атентатот врз првиот Претседател на независна Македонија Киро Глигоров

October 3, 2025
ТИКЕР

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.