-Анкара е принудена да се зближи со Русија, бидејќи нема друг избор, вели исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кој турските влсти го обвинуваат дека е организиратор на обидот за пуч.
Во интервју за телевизијата Ал Арабија, Ѓулен одрговарајќи на прашање за зближувањето на Турција со Иран и Русија како нво правец во надворешнат аполитика или начин да се изврши притисок на Западот, Ѓулен одгори дека Турција сега има многу проблеми.
-Турција сега има многу проблеми. Мислам дека овие чекори ги отелотворуваат очајничките активности поради недостигот од алтернатива, изјави Ѓулен во интервју за телевизијата „Ал Арабија“, одговарајќи на прашањето дали зближувањето на Турција со Иран и Русија е нови правец во надворешната политика или начин да се изврши притисок врз Западот, пренесе Спутник.
Односите меѓу Русија и Турција нагло се влошија откако турската авијација минатата година сруши руски авион над Сирија.
Меѓутоа, по долга пауза, на 1 јули во Сочи се состанаа шефовите на дипломатите на двете земји, Сергеј Лавров и Мевлут Чавушоглу, а на 9 август во Санкт Петербург беше одржан првиот состанок на претседателите Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, на кој беше одлучено да се обноват билатералните односи.