Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Гуш и Бац“: Кардула ги стави зборовите на својата ќерка во книга

0
By Нова ТВ on December 3, 2017 КУЛТУРА
ФОТО: СДК
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вчера се одржа промоција на книгата „Гуш и Бац“ на графичкиот дизајнер и активист, Зоран Кардула, инспирирана од неговата 11-годишна ќерка Ерато, чија дијагноза е аутистичен спектар на нарушување.

Во преполна сала во Национална галерија Чифте амам, Кардула ја промовираше книгата која содржи 47 измислени зборови на Ерато, преведени на 19 јазици, како и 47 илустрации на нејзините зборови создадени од 33 креативци.

„Се зпочна со една моја објава на Фејсбук на едно зборче на Ерато „Граници не постојат” – „Кајм’пмп“. Реакцијата беше одлична. Започнаа коментари со барања за нови постови и така почнав да ги постирам нејзините зборчиња и се роди #ЈазикотНаЕрато.

Ерато е слабо вербална но од мала она си имаа развиено свој говор за кој ни требаше доста време да го откриеме и да го сфатиме. Кога не знаевме некое зборче и не ја разбиравме ќе не однесеше пред компјутер и на нејзиниот десктоп во кој имаше симнато неколку стотини сликички и точно знаеше која да ни ја покаже за да разбереме што сака да ни каже.

Од тој момент и нас и нејзе ни олесна и некако се тргна на подобро“, раскажува Кардула за НОВА.

Тој вели откако ги објавил зборчињата веке размислувал како да ги спои во книга која би била различна и впечатлива а во исто време да ја пренесе пораката која сака да ја прати за подигање на свеста на Аутизам и нивно прифаќање и интеграција во општеството.

„Само што им ја соопштив идеата на моите пријатели дизајнери веднаш ја прифатија  и почнаа да си избираат зборчиња да можат да ги илустрираат. Сите зборчиња на Ерато се преведени на сите јазици кои се зборуваат во Македонија и на уште десетина други јазици со цел да се интернационализира овој проект“, вели тој.

Илустрациите ќе се продаваат, а средствата ќе бидат наменети за реедукација, односно работа со дефектолог и логопед на оние дечиња со аутизам кои не може да си го дозволат тоа.

Гуш и Бац Ерато Зоран Кардула
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.