Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

“Гужви” со Скопје 2014 – набрзина се дислоцираат скулптури

0
By on May 14, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Преголемиот број на скулптури и споменици, дел од проектот Скопје 2014 резултира со демонтирање и дислоцирање на брзина на скулптурите за кои се исплатени пари од буџетот.

Скулптурата „Ротирачка Македонија“, вредна речиси 100 илјади евра, дело на скулпторот Зоран Костовски, во моментов стои размонтирана зад зградата на Македонската опера и балет, иако во 2009 година беше поставена пред главниот влез на МОБ. Оваа скулптура со уште 27 други беа првите објекти од проектот Скопје 2014.

Костовски тврди дека главна причина што неговата скулптура стои размонтирана е што и пречела на изградбата на новата барокна зграда на АЕК, во близина на МОБ.

Според податоците од Бирото за јавни набавки авторот Зоран Костовски за изработка на ова дело од Министерството за култура добил вкупно 99,458 евра. Но, тој тврди дека добил помалку – 87 илјади евра, откако се одбиле даноците од страна на авторската агенција.

Според Костовски дислокацијата е направена набрзина заради најавената ревизија на новиот градоначалник на Центар, Жерновски.

„Самото Министерство уште од почетокот, на некој погрешен начин ги водеше скулптурите, на нас уметниците ни даде одредени средства да ги направиме делата, тие ги пуштија во авторска агенција и јас зедов 87 илјади евра“, вели Костовски.

Сега авторот Костовски бара достојна локација за својата скапа скулптура, пишува писма до премиерот и до градоначалникот на Центар, бидејќи не се согласува со местото кое му е доделено за неговото дело, а кое било избрано без да го прашаат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.