Сајтот Пешчаник бил цел на хакерски напад и се уште тешко се влегува на оваа интернет страница pescanik.net, јавува РСЕ.
На повик на Обвинителството за високотехнолошки криминал, екипата на Пешчаник два часа била во полиција заради истрага покрената за хакерскиот напад.
Пешчаник и ги доставил на полицијата сите сознанија кои ги имале, а според кои и единствената IP адреса од која сајтот е нападнат по објавување на тесктот за докторатот на министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, води до серверот на приватниот универзитет Мегатренд, каде докторирал Стефановиќ.