Интернет страницата на владејачката ВМРО – ДПМНЕ вечерва е хакирана од таканаречените „Анонимни“, налик на најактуелната глобална револуционерна група во светот.
Дколку влезете на страницата vmro-dpmne.org.mk нефункционални се сите внатрешни страни, а постирано е видео во кое главните пораки се „Доста беше Македонијо разбуди се“, како и „Доста молчевме“.
Главниот револт е изразен преку грозоморни фотографии од убиства од кофликтот во 2001 година кои ја пренесуваат пораката „Зошто гинеа бранителите засрамете се предавници“.