Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хан: Се надевам дека денот ќе биде добар

0
By Влатко Чаловски on January 15, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Утринава еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ги започна поединечните билатерални средби со преговарачките тимови на најголемите политички партии во земјава- потписнички на Договорот од Пржино.

Во моментов во резиденцијата на Европската Унија во Пржино пристигна претседателот на владејачката партија Никола Груевски заедно со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, министерот за финансии Зоран Ставрески, министерот за надворешни работи Никола Попоски, министерот за здравство Никола Тодоров и шефот на кабинетот на досегашниот премиер Мартин Протуѓер.

Хан претходно оствари средба во врвот на опозицијата, односно лидерот на СДСМ – Зоран Заев, потпретседателката Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски.

По завршувањето на средбата, Заев кратко пред новинарите рече дека е рано да се даваат какви било прецизни изјави, бидејќи според него императив на Договорот се медиумите и прочистувањето на Избирачкиот список.

Во текот на денот Хан ќе оствари и заедничка средба со претставниците на четирите најголеми политички партии. Тој кусо за новинарите изјави дека се надева оти денот ќе биде добар.

Заедно со доаѓањето на Хан, премиерот денеска ја депонира својата оставка до Собранието со услов „сто дена пред избори“. Вчера продолжија и преговорите на партиските работни групи со посредникот Ванхауте и во делот за медиуми.

Засега останува блокирана Анкетната Комисија за скандалот со прислушувњето, а се уште „виси“ и Избирачкиот список, како точки предвидени во Договорот од Пржино. Се очекува во текот на денот да се дефинира и точниот датум за одржувањето на предвремените парламентарни избори.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.