Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ханс Ван Бален е новиот претседател на “Пријателите на Македонија”

0
By Нова ТВ on March 7, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Групата “Пријатели на Македонија” денес беше реактивирана во Европскиот парламент (ЕП) во Брисел.

“Пријателите на Македонија” ќе ги води холандскиот либерал Ханс Ван Бален а во неа влегоа 43 европски пратеници што доаѓаат од сите големи политички групи помеѓу кои Словенците Иво Вајлг и Тања Фајон, Словакот Едвард Кукан, Германецот Кнут Флекенштајн, Хрватите Тонино Пицула и Јозо Радош, Бугаринот Андреј Ковачев, Британецот Чарлс Танок или Естонецот Туне Келам.

На средбата на оваа неформална група “Пријатели на Македонија” присуствуваше и шефот на нашата дипломатија Никола Димитров кој изјави дека е поддршката на пратениците е “значајна и мотивирачка за да се изгради демократска, стабилна, просперитетна и европска Република Македонија”.

Спорот со Грција не беше тема на оваа пријателска и релаксирана средба но овој проблем е јасна пречка за напредокот на нашата земја кон ЕУ па оттука не можеше да биде избегнат во разговорите. Во изјава за МИА, Ханс Ван Бален рече дека се надева на брзо решение на спорот за името со Грција за да може Македонија да напредува.

“Се чини дека Македонија сериозно го разгледува ова прашање и компромис треба да се пронајде. Треба да ги убедиме нашите грчки пријатели дека постои држава Луксембург и провинција Луксембург во Белгија, има Холандија и англиска провинција со исто име, и нема никаков проблем. Треба да го прифатат фактот дека во името секогаш ќе има нешто со Македонија. И треба да е прифатливо за Атина, мислам дека и за Грција е важно да има нормализација”, вели Ван Бален.

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, кој наскоро ќе допатува во Македонија со делегација од ЕП, за МИА изјави дека европратениците имаа задача да им објаснат на своите национални влади дека проширувањето кон Балканот е клучно:

“ЕУ треба да убедува своите граѓани во Германија, Англија, Франција, Холандија дека проширувањето е во интерес на сите нас, не само на земјите од Балканот. Балканот е зона на небезбедност, на различни други влијанија од други земји, и тоа не е добро за ЕУ”, вели тој.

Групата 43 пратеници имаат пред се еден вид лоби улога со тоа што во нивните нивните политички групи и партии ќе го бранат македонското досие и ќе создаваат подобра слика за Македонија.

Групата “Пријатели на Македонија” беше формирана во јануари 2016 година а неа ја водеше хрватската пратеничка Маријана Петир. Во неа учествуваа 26 пратеници.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.