Повеќе од 70 луѓе загинале во Каиро, Египет во последните судири на следбениците на симнатиот египетски претседател Мухамед Морси со силите на безбедноста, кои што пак имаат поддршка од вооружени цивили, соопштило денес Министерството за здравје.
До судирите во Каиро дошло кога следбениците на поранешниот претседател Морси сакале да ја прошират територијата на која што мирно демонстрирале, кога дошле во конфликт со полицијата и вооружените цивили.
Властите навеле дека поголемиот дел од починатите се демонстранти, но Министерството за внатрешни работи тврди дека се повредени и неколку полицајци, а останува непознато дали помеѓу мртвите има и цивили кои што се бореле на страната на полицијата.