Четири згради на Универзитетот Харвард беа евакуирани утринава поради непотврдени извештаи за поставени експлозиви во областа на познатиот универзитет, јавува Си-Ен-Ен.
Харвард на своите станици објави кратко предупредување дека тие добиле информација за експлозиви поставени во една од универзитетските згради и повика на евакуација. Универзитетот на Твитер објави дека нема извештај за експлозија.
“Како мерка на претпазливост, евакуирани се четири згради на универзитетот и во тек е истрагата за дојавата. Харвард е главно фокусиран на безбедноста на своите ученици, наставниците и другиот персонал. За сите дополнителни информации ќе ја информираме јавноста на време”, се вели во пораката на Харвард.
Полицијата и пиротехничарите се наоѓаат на теренот и ја претресуваат зградата.