Косовскиот премиер Хашим Тачи ги прекинал преговорите незадоволен од предлогот на Високата преставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон, јавува српски Блиц, повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел.
Блиц претходно објави дека српската страна во Брисел добила нешто подобра понуда кога станува збор за полицијата и безбедносните прашања.
Имено, Белград има барање за надлежност на српските општини во областа на правосудството и полицијата, како и на северот на Косово да не бидат присутни косовските безбедносни сили.
Ештон има трилатералната средба со премиерите на Србија и Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи за нормализирање на односите меѓу двете земји.
Поради одржувањето на средбата Европската Комисија вчера ги одложи извештаите за напредокот на Србија и Косово кон ЕУ, кои се објавуваат денес.