Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки бара оставка од претседателот на Лустраторска

0
By Нова ТВ on May 31, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хелсиншкиот комитет за човекови права бара претседтаелот на Kомисијата за лустрација Tоме Aџиев да си поднесе оставка од функцијата поради непрофесионалното и неодговорно работење.

Уранија Пировска, извршен директор на Хелсиншкиот комитет изјави дека и случајот со Петар Карајанов е потврда дека не може да се врши лустрација без да право на лицето кое е предмет на лустрација да биде повикано на разговор и информирано за случајот, без право тоа лице да ги каже своите аргументи и да се брани.

Комисијата за верификација на фактите лустрирала друго лице кое исто така се вика Петар Карајанов, но го прогласила за кодош Петар Карајанов, кој е поранешен секретар и претседател на Градскиот комитет на Сојузот на Комунистите.

Карајанов сега бара Лустрациска да го симне инкриминирачкиот документ од својата веб страна:

-Лустрациска го смени идентитетот и ме прогласи за соработник на тајните служби, вели Петар Карајанов чие решение Kомисијата за лустрација го објави на својата веб страница.

Карајанов вели дека му е направена бесмислена,тешка и навредлива грешка со што е ставен изменет и оцрнет код на неговата личност и општествен придонес.

Во основниот документ врз база на кој се утврдува наводната моја соработка, се прави груба замена на идентитетот, името и презимето се идентификува со друг од бројниот род на Карајанови во Гевгелија, рече Петар Карајанов:

Потврда за тоа дека се работи за две различни лица, Карајанов ги кажува следниве докази:

-Различната дата на рагање, јазикот кој го студирале, роднинските врски и патувањето во Шведска каде Карајанов имал брат, контактирал со нашата имиграција, пренесувал информации и комуницирал со безбедносните служби.

Се е различно всушност кај двајцата Карајанови:

-Роден сум во 1936 година, а тој во 1937, јас живеам во Скопје, тој во Гевгелија, јас студирав југословенска книжевност со македонски јазик, тој англиски јазик, тој имал брат, а јас сестра, а во шведска никогаш не сум патувал, нагласува Карајанов.

Апсурдноста да биде поголемаво времето кога тој Петар бил во Шведска и кога го поднел извештајот до тајните служби, овој Петар бил во војска во Требиње БИХ. Со ова, Комисијата потврдува дека надвор од законот без да направи елементарна проверка и споредба на податоците и фактите лустрира погрешен човек.

Не можам да се ослободам од помислата дека овој груб чин на измешаност на мојот идентитет и вештачкиот спој на наметнатиот кримо-идентитет на мојата личност, со моите функции со темели во денешна Македонија, се еден од познатите обиди за дискриминација и своевидна пресметка со неистомисленици на актуелната власт, рече Карајанов.

Од тие причини Карајанов побара Комисијата за лустрација јавно да му се извини за направената штета, да признае дека лицето прогласено за соработник е друг Петар Карајанов, а не поранешниот секретар и претседател на Градскиот комитет на Сојузот на Комунистите и да го симне инкриминирачкиот документ од својата веб страна.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025
ФОКУС

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

ВЕСТИ October 4, 2025

Наместо правда и целосна одговорност сведоци сме на пропусти и прикривање. Правдата важи само за…

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025

Откако Хамас се согласи да ослободи заложнициТрамп го повика Израел веднаш да запре со бомбардирањето на Газа

October 4, 2025
ТИКЕР

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.