Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки: Институциите сакаат да ја сокријат одговорноста за Тамара

0
By Менче Атанасова Точи on February 12, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Институциите сакаат да ја сокријат одговорноста за случајот на Тамара Димовска, девојчето кое почина чекајќи да биде пратена на операција во странство поради тежок деформитет на рбетниот столб, велат во Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Случајот со Тамара Димовска требало да се реши за еден ден бидејќи и во двете конзилијарни мислења има назнака„итно“ велат во Хелсиншки. Тие ги обелоденија документите од кои се гледа дека од поднесување на барањето на 28-ми април 2014-та година до денот кога е одговорено, односно е донесена првата негативна одлука поминале цели шест месеци.

Од хронологијата на настаните се гледа дека Фондот барал мислење и од трите приватни болници во државата. Одговор добиле само од Аџибадем Систина каде се вели дека не се во можност да ја извршат операцијата. И покрај тоа барањето на Тамара е одбиено, по што семејството Димовски ја алармира јавноста.

„Одеднаш министерот Тодоров се заинтересира за случајот и излезе со изјава дека Фондот ќе го плати лекувањето. Министерот не може да одлучува во име на Фондот. И повторно институциите се однесуваат бирократски, бараат нова документација на која повторно има назнака „итност“. За тоа време деформацијата на рбетот од 40 степени се зголемува на 80 степени“, изјави Уранија Пировска извршна директорка на Хелсиншкиот комитет.

До денот на смртта на Тамара не било донесено никакво решение и покрај ветувањето на министерот Тодоров.

„За нас нема дилеми дека тие луѓе што одлучувале калкулирале со нејзиниот живот, не покажале ниту трошка хуманост“, рече Пировска.

Иако Пировска инсистирала да биде примена во Фондот за здравство, не и било одобрено, а не било одговорено ниту на писменото барање.

Од Хелсиншки се надеваат дека во постапката на Обвинителството, Аспазија Софијанова, која е потписник на Решението од Второстепена комисија, ќе посочи кое било лицето кое ја дало наредбата од „горе“ за лекувањето на Тамара да чека до отварањето на спиналниот центар. Од таму најавија кривични пријави за директорите на Фондот за здравство за несовесно работење на службата, а во координација со семејството ќе биде поднесена пријава и за министерот Тодоров.

Ова се документите од кои се гледа дека конзилиум од лекари дале мислење Тамара „итно “да се прати на лекување во страство бидејќи можностите во дражавата се исцрпени.





Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025
ФОКУС

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

ВЕСТИ October 10, 2025

Нобеловиот комитет соопшти дека добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година е венецуелската…

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025

Трамп: Ја завршивме војната во Газа

October 9, 2025

Скопје: Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

October 9, 2025
ТИКЕР

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.