Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Четири невладини со осуда на изјавата на Зекири за ЛГБТ заедницата

2
By Нова ТВ on July 4, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ денеска ги осуди „хомофобичните изјави на некои од актуелните пратеници кои преку дискриминаторски говор и говор на омраза ја деградираат ЛГБТИ заедницата, спротивно на реформската насока на политичко делување за која се залага новата Влада“.

-Сметаме дека реториката за традиционално и конзервативно општество која беше присутна во изминатите години имаше за цел да ги маргинализира и дополнително стигматизира ЛГБТИ луѓето во Македонија. Очекуваме ваквиот говор да се санкционира и политичките партии да се оградат од јавните настапи на своите членови, кои се во судир со уставниот принцип на еднаквост на сите граѓани, се вели во соопштението.

Од Хелсиншкиот комитет истакнуваат дека со големо внимание ја следат работата на сите државни органи кои учествуваат во процесот на донесување одлуки и спроведувањето на најавените реформи за демократизација на македонското општество и потсетуваат на на ветувањето на новата Влада дека ќе гради општество за сите, во кое ќе се санкционира дискриминацијата и говорот на омраза.

– Поттикнати од пратеничките расправи за правата и слободите на ЛГБТИ луѓето, потсетуваме на насилството на кое беше изложена ЛГБТИ заедницата изминатата деценија, но и на културата на неказнивост која произведе селективни стандарди за правда и еднаквост во македонското општество. Тоа беше забележано и во Програмата за работа на Владата на Република Македонија (2017-2020), имајќи предвид дека: „Се стимулираше и нетрпеливост кон разните општествени малцински или маргинализирани групи, како кон припадниците на ЛГБТ популацијата, со што предизвика дури и изблици на групно и поединечно насилство кон нив од екстремни групи и поединци“, велат од Хелсиншки комитет.

Оттаму потсетуваат дека новите програмски определби и реформската политика на новата владеачка структура треба да придонесат кон менување на состојбите со човековите права и слободи на ЛГБТИ луѓето, преку градење доверба во институциите на системот, како и преку професионалниот ангажман на сите кои учествуваат во процесот на донесување одлуки. Во оваа насока, потребно е да се консолидира заложбата на Владата на Република Македонија да ги промовира, штити и унапредува човековите права во државата и да создава институционални капацитети за нивна ефикасна заштита и одговорност на сите кои ќе се обидат да ги повредат човековите права – како што беше наведено во Програмата за работа на Владата (2017-2020).

Пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири на својот Фејсбук профил постираше религиозна изрека од пророкот Мухамед која често се користи во контекст на осуда на хомосексуалноста. Тој за „Фокус“ изјави дека е против хомосексуалноста и геј браковите и тоа претставува негов личен став, иако социјалдемократските партии се залагаат за вредности спротивни на неговите верувања.

-Јас сум теолог и сум против геј бракови и против хомосексуалноста, тоа е мој личен став. Јас како личност имам право да имам ставови за одредени прашања, кои не секогаш се исти со партијата, изјави Зекири за „Фокус“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.