НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншкиот комитет предупредува на внимателност поради говорот на омраза кон религиозната група „Лев Тахор“

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 16, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Низата инциденти и зголемениот говор на омраза насочени против припадници на еврејската религиозна група „Лев Тахор“, кои привремено престојуваат во Северна Македонија, го покажуваат ниското ниво на толеранција кон различните и високиот степен на ксенофобија во општеството, се вели во реакцијата на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

– И покрај тоа што Министерството за внатрешни работи, односно Агенцијата за национална безбедност, веднаш излезе со информации дека оваа група има привремен и регулиран престој во земјава и дека таа не претставува никаква опасност по безбедноста на граѓаните, тоа не ги спречи изливите на омраза кон нив и нападите со камења и јајца со кои им беше загрозена нивната сигурност. Притисокот со кој се соочиле во Куманово, продолжил и во Скопје, каде на 15 февруари 2022 година повеќе хотели одбиле да ја сместат групата, а нејзин член јавно се пожали дека полицијата повеќе им одмагала, отколку што помогнала, велат од Хелсиншкиот комитет.

Оттаму оценуваат дека е загрижувачки што омразата кон луѓе од други култури и религиозни групи веќе одамна не е инцидентна појава во нашето општество. За време на бегалската криза 2016-2018 година, потсетуваат дека говорот на омраза кон мигрантите и бегалците, од политички причини беше постојано засилуван со лажни вести и дезинформации, кои дополнително влијаеа за раст на ксенофобијата кај населението.

– Таквата реторика остава долгорочни предрасуди и последици врз ставовите на луѓето и ја руши сликата за гостопримлива и толерантна земја, како што сакаме да се нарекуваме. Тоа е причината што ваквите сентименти се повторуваат во различни прилики, како говорот на омраза кон авганистанските бегалци кои летоска беа привремено сместени во земјава, или во спорадични инциденти, како што беше нападот на расна основа врз група Корејци на почетокот на пандемијата на ковид-19 во 2020 година. Констатираме дека во овој, но и во останатите споменати случаи, своја улога имаат и дел од медиумите, кои со своето неодговорно и тенденциозно известување придонесуваат за јакнење на ксенофобичните чувства кај граѓаните, а кои понатаму водат и до извршување на дела од омраза, предупредуваат од Хелсиншкиот комитет и апелираат надлежните институции внимателно да го следат овој случај и да обезбедат навремена заштита согласно меѓународните стандарди и внимателно да се следи говорот на омраза на социјалните медиуми, кој може да предизвика понатамошни непосакувани инциденти.

Ксенофобија лев тахор Хелсиншки комитет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.