Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хенри Мур, вечерва во Музеј на современа уметност

0
By on April 18, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Изложбата „Хенри Мур: Графичарот“ ќе биде отворена вечерва и посетителите ќе може да ја видат до крајот на мај. Делата доаѓаат директно од Лондон, од централата на Британскиот совет, која поседува збирка од над 200 уметнички трудови на познатиот графичар и вајар кој на Советот му ги донирал во 1984 по повод половина век од неговото постоење.

Изложбата прво ќе гостува во Скопје, а потоа ќе патува во околните земји – Црна Гора, Албанија, Србија. Иницијативата произлегла во јуни минатата година, кога Британскиот совет во Скопје, во соработка со Музејот на современата уметност (МСУ), беше организатор и на изложбата „Прагови“, на која беа претставени 80 дела од 34 британски автори по повод дијамантскиот јубилеј од владеењето на кралицата Елизабета Втора.

Мур, кој правел големи скулптури за отворени простори, во МСУ ќе биде претставен со дела во помали димензии што ќе се вклопат во затворен амбиент, од кои две минијатури се макети што ги направил за своите големи скулптури „Мајка со дете“ и скулптурата „Knife Edge“.

Почесен гостин на вечерашното отворање на изложбата ќе биде Дејвид Мичинсон, куратор на изложбата на Мур и поранешен раководител на фондацијата „Хенри Мур“, кој долго соработувал со уметникот. Во МСУ тој утре ќе одржи предавање „Работејќи со Хенри Мур“. На отворањето ќе присуствува и директорот на Британскиот совет за Западен Балкан Тони О’Брајан.

Покрај изложбата, за која фондацијата „Хенри Мур“ подготви каталог, до 31 мај ќе има и придружна програма во МСУ – работилници за млади кои ќе творат инспирирани од делата на Мур, како и едночасовен филм „Уметноста на Хенри Мур“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Маршот на Ангелите утре во Скопје – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

ВЕСТИ November 14, 2025

Во знак на сеќавање на 63-те жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани,…

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025

Комисијата утврди и соопшти: На десет пациенти им е извршена непотребна операција на срце

November 14, 2025

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

November 13, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.