Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ХЕРА: Државата да ги зголеми инвестициите во превенција и квалитетна здравствена заштита на жените, децата и ранливите групи

0
By Marija Todorovska on April 7, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државата да инвестира во здравствена превенција и квалитетна и достапна здравствена заштита како основа за достоинствен живот, апелираат од ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување заедно со Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, Иницијативата за правата на жените од Шуто Оризари и Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – Заедно посилни по повод 7 Април – Светскиот ден на здравјето.

Овие невладини организации бараат од институциите да обезбедат достапна гинеколошка и педијатриска заштита на целата територија, да ја зајакнат патронажната служба и тимовите за предучилишна и училишна здравствена заштита, да ги вратат и унапредат здравствената едукација, поддршката за доење и кампањите за вакцинација. Бараат да се зголеми буџетот за превентивни програми, особено за мајки, деца и скрининг програми за ХИВ превенција и сексуално и репродуктивно здравје и надлежните да осигураат здравствените политики да се креираат врз основа на медицина базирана на докази и обезбедат широк консултациски процес којшто ќе ги вклучи стручната јавност, граѓанските организации и засегнатите заедници за да се одговори на потребите на граѓаните.

Поради системските недостатоци, како што наведуваат, голем дел од жените, девојките и ранливите заедници остануваат без навремена и соодветна здравствена заштита.

Нашата земја не смее да дозволи генерации да растат без основна здравствена заштита. Инвестирањето во превенција – во гинеколошки и педијатриски прегледи, превенција и скрининзи, едукација и вакцинација е најисплатливиот и најчовечкиот чекор што може да го преземе еден здравствен систем. Според Светската здравствена организација, секој долар вложен во превенција штеди до четири долари за лекување.1 Тоа не само што спасува животи, туку гради поотпорно и поефикасно општество. Македонија мора конечно да ја препознае превенцијата како приоритет, а не како трошок. Светскиот ден на здравјето е потсетник, но акцијата мора да трае цела година – со посветеност, буџет и политичка волја, се вели во соопштението од ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување.

Посочуваат дека буџетот за ХИВ превенција е намален за околу 70 отсто од 2021 до 2025 година или од 49 милиони на 12 милиони денари иако, како што наведуваат, земјата заостанува зад преземените глобални цели за ставање крај на епидемијата на ХИВ до 2030 година.

Од 2019 година па наваму, државата издвојува во просек само 10 отсто од буџетот на Министерството за здравство за превентивни програми. Во 2023 година 13 отсто од жените на возраст 21–59 години биле опфатени со скрининг за рак на грлото на матката. Иако оваа бројка претставува зголемување во споредба со претходните години сепак е далеку од постигнување на потребниот опфат од 70 отсто за тригодишен период. Минимални 3,5 отсто од жените на возраст 40–69 години биле опфатени со скрининг на рак на дојката во 2023 година. Во земјата има само околу 160 матични гинеколози, при тоа во 40 општини нема ниту еден гинеколог и поради тоа голем број на девојки и жени, особено оние кои живеат во рурални средини намаат пристап до основна гинеколошка заштита, се вели во соопштението.

Спред ХЕРА, стапката на тинејџерска бременост во 2023 година изнесува 13.4 на 1000 девојки на возраст од 15-19 години, а нашата земја има една од најниските стапки на употреба на современа контрацепција во Европа, што изнесува само 14 отсто.

Само 110 педијатри работат на примарно ниво, а стапката на вакцинација продолжува да опаѓа. Притоа, опфатот со ХПВ вакцината, која е исклучително важна за здравјето на девојките и жените, изнесува само 56 отсто. Дури 46 отсто од бремените жени во рурални средини не направиле преглед во првото тромесечје од бременоста. 53 отсто од жените Ромки имале помалку од осум прегледи за време на бременоста, иако според националните протоколи секоја жена за време на бременоста треба да има најмалку осум здравствени прегледи, стои во соопштението.

Од ХЕРА наведуваат дека дополнително Министерството за здравство ги укина едукативните активности за промоција на вакцинацијата и поддршка на патронажната служба во рамки на Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата. Според ХЕРА, ова се чекори што директно го загрозуваат здравјето на мајките и децата.

Овие податоци се добиени од заедничката анализа Унапредување на превентивната здравствена заштита за ранливите групи, која вклучува наоди и препораки од мониторингот на четири здравствено-превентивни програми на Министерство за здравство, изработена од четирите здруженија, во рамки на проектот „Унапредување на здравствените права на жените, девојките и ранливите групи“ кој е финансиски поддржан од Швајцарската влада, преку програмата ЦИВИКА Мобилитас.

ХЕРА хив превенција хпв вакцина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.