За време на говорот на конференција во Лас Вегас, поранешниот државен секретар на САД Хилари Клинтон беше гаѓана со чевел од страна на една млада жена која не беше идентификувана.
Припадниците на безбедносните сили пред новинарите рекоа жената е повикана на разговор и дека најверојатно ќе биде уапсена.
Клинтон има турнеја низ земјата и покрај промоцијата на книгата за време додека беше дел од тимот на Обама, таа ја најавува и својата кандидатура за претседател на САД за 2016 година.