Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ходаи: Премиерот Заев има волја да се најде решение за проблемот за државната матура

0
By Нова ТВ on February 9, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За разлика од министерката за образование и наука Мила Царовска која не сака да дискутира, премиерот Зоран Заев има волја што побрзо да се најде некое решение за проблемот со државната матура за да не изгубат време матурантите кои планираат да се запишат на странските универзитети, порача претседателот на Сојузот на средношколци Бленди Ходаи по средбата со премиерот во Владата. Со премиерот, посочи, дискутиравме кои се можните компромисни решенија доколку измените на Законот не се гласаат во Собрание.

-Му кажавме дека сме подготвени да направиме комбинација дали да имаме укинување на еден интерен испит или на еден екстерен испит за да се намали бројот на екстерните и на интерните предмети. Зборувавме и за скратените програми за испитите за државната матура, бидејќи сега само четири предмети имаат скратени програми за полагање на државната матура, а тоа се македонски јазик, хемија, физика и географија. Ние сакаме цел материјал што се изучуваше во време на пандемија, од март 2020 година до крај на оваа учебна година, да има скратени програми за да има фер државна матура, изјави Ходаи по средбата во Владата.

Тој истакна дека процесот за барање на некое решение не треба да биде на штета на матурантите и на средношколците.

-Како што му кажавме и на премиерот ќе се трудиме до крајот на февруари да имаме одлука и да ја завршиме целата дискусија во јавноста за државната матура. Ако до крајот на февруари немаме решение во однос на државната матура тогаш со шатори ќе кампуваме пред Министерството за образование и наука. Тоа го утврдивме пред два дена и ќе го направиме ако нема компромис и волја од страна на Владата и Собранието за што побрзо да се најде решение за државната матура. Ако не се најде решение до крајот на февруари ќе кампуваме од 1 март и ќе има многу притисоци и од амбасадите. Затоа е неопходно да се најде некое решение и да бидат прифатени голем број на нашите барање. Како Сојуз на средношколци сме децидни во нашите барања, но сме и отворени за да најдеме компромисни решенија, рече Ходаи.

Тој прецизира дека со претставниците на матурантите и со претставниците во Сојузот на средношколци ќе разговараат какви можат да бидат компромисните решенија доколку не се најде решение на проблемот во Собрание и во Владата.

-Треба да ги имаме отворени сите алтернативи за што побрзо да се најде решение, истакна Ходаи.

Сојузот на средношколци бара наместо четири да се полагаат два предмета за државната матура од кои еден ќе биде мајчин јазик, а вториот по избор на матурантот во зависност од намерата на кој факултет сака да го продолжи образованието. Актуелното решение предвидува да се полагаат четири предмети за државна матура за целиот материјал во изминатите четири години од образованието.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.