Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хоџа: 150 милиони евра субвенции, „зелена нафта“ и поддршка за младите фармери

0
By Нова ТВ on December 24, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сто и педесет милиони евра финансиска поддршка, услови за порентабилно производство, субвенции за набавка на „зелена нафта“, консолидација на површините, поттикнување на младите земјоделци со 20.000 евра неповратна помош и на жените фармери со 6.000 евра, најави денес министерот за земјоделство Арјанит Хоџа, кој се осврна на првите 100 дена од извршувањето на функциата.

„Не чека многу работа, а си поставивме и амбициозна агенда. За да ја реализираме, заедно со земјоделците ќе мора да ги следиме европските стандарди, да ги применуваме најновите научни достигнувања и технологии и да применуваме модерна механизација“, рече Хоџа.

Ќе продолжат, најави министерот, и капиталните инвестиции за питка и вода за наводнување, како и неселктивното исплаќање на субвенциите. Досега се исплатени околу 115 милиони евра од проектираните субвенции, а до крајот на годината поддршката ќе биде целосно заокружена, вклучувајќи ги и долговите по овој основ од претхоната Влада.

-Во првите 100 дена од мојот мандат остварив низа билатерални средби со колеги од регионот, САД, Русија, пред се за изнаоѓање механизми за зголемување на трговијата со земјоделски производи, особено на извозот. Во овој краток период од преземањето на функцијата, реализирав и средби со лозари, сточари, оризари, тутунари, производители на јаболка, посетив многу фарми и откупни центри, рече министерот во отчетот за сработеното.

Тој потсети дека Владата интервенираше и успеа да ја ублажи состојбата во лозарството и винарството кои први го почувствува ударот од КОВИД-пандемијата. Беа потпишани и 540 договори за набавка на трактори, а доделени се и првите договори за 20.000 евра неповратна поддршка за млади земјоделци до 40-годишна вредност. Условите ги исполниле 265 апликанти, а вкупната вредност на поддршката ќе биде 3,1 милион евра. Лани поддршката изнесуваше двојно помалку, 10.000 евра.

-Едно од најголемите достигнувања во првите 100 дена е тендерската постапка за изградба на браната на Слупчанска река. Средстава во висина од 22 милиона евра се обезбедени, а проектот треба да се реализира за четири години, нагласи Хоџа.

Министерот смета дека е постигнат голем напредок во меѓународната соработка. Во овој конктекст го спомна потпишаниот Договор со Албанија за фитосанитарна контрола.

-Земјоделството е клучно и за пристаување во ЕУ. Ќе се фокусираме на намалување на руралната сиромаштија и на малите фарми кои се многу важен дел за сигурност на храната, ќе ја интезивиравме соработката со ФАО, ќе преземеме се за вработување на младите и за живот на руралното население со полесен пристап до земјиште и кредити, порача министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа.

извор: независен.мк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.