Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хоџа не ги коментира тврдењата на Таравари дека Владата води про руска политика

0
By Нова ТВ on December 27, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата не сака да ја коментира изјавата на генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, кој вчера обвини дека надворешната политика на Северна Македонија не е усогласена со онаа на ЕУ во однос на санкциите кон Русија.

На прашање за коментар на ваквите обвинувања од опозициската партијата, од Владата потенцираат дека земјава останува посветена на патот кон ЕУ.

„Владата не сака да ги коментира изјавите на политичките партии, но сакаме да истакнеме дека Република Северна Македонија останува посветена на нејзиниот пат кон интегрирањето во ЕУ. Република Северна Македонија е членка на НАТО додека одиме понатаму кон членство во ЕУ. Продолжуваме со спроведување на сите реформи кои се потребни внатре во нашата земја со цел еден ден да бидеме дел од европското семејство“, вели портпаролот на Владата, Муамед Хоџа.

Таравари вчера се обрати во името на Алијанса за Албанците и на Алтернатива потенцирајќи дека откако Зоран Заев стана премиер, Советот на ЕУ донел 21 одлука за продолжување и проширување на санкциите против Русија, но Владата исто толку пати одбила да воведе санкции против Русија.

„Ова е загрижувачки тренд на ова Влада! Од друга страна ја имаме Албанија и Црна Гора кои потполно се на иста линија со ЕУ. Додека, од друга страна ја имаме Северна Македонија на Зоран Заев и Србија на Вучиќ, кои одбиваат санкции против Русија. Но тоа што најмногу нè загрижува во овој случај, е фактот што Министерството за надворешни работи го води министер – Албанец, кој нè стави на страна на Вучиќ, Додик и Путин“, посочи Таравари.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.