Холандија го освои Европското првенство во фудбал за играчи до 19 години, кое се одржа во Романија.
Во финалето синоќа во Букурешт, холандската репрезентација со 1-0 ја совлада Шпанија, која со 12 титули е рекордер во младинскиот репрезентативен фудбал.
Холандија до титулата дојде со автогол на голманот Раул Хименез во 63 минута.
За Холандија ова е прва европска младинска титула, откако претходно загуби во трите финалиња.