Холандија ќе испрати потешко оружје во Украина вклучувајќи и оклопни возила, најави денеска премиерот Марк Руте.
Руте рече дека тој и холандската министерка за одбрана Кајса Олонгрен му изразиле поддршка на украинскиот претседател Володимир Зеленски во телефонски разговор, додека Русија започнува со обнова на офанзивата. „Заедно со сојузниците, ја разгледуваме можноста за испорака на дополнителна потешка опрема“, рече Руте.
Зеленски, исто така, твитна по телефонскиот разговор, велејќи дека го информирал Руте за влошувањето на ситуацијата во Донбас и дека е благодарен за поддршката. „Кога ќе се врати мирот, заедно во ЕУ ќе изградиме односи меѓу Украина и Холандија со нов квалитет“, рече Зеленски.