Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Холандија се прашува дали треба да се преиспита поканата за НАТО

0
By Светлана Јовановска on March 12, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Холандија го предупредила премиерот Никола Груевски, дека на следниот самит на НАТО во Варшава во 2016 година, поканата за членство во НАТО за Македонија би требало да се преиспита доколку земјата не се придржува на демократските процеси.

Ова се случувало на ручекот во средата (11 март) помеѓу амбасадорите шест земји членки на НАТО и премиерот и неговата делегација, веднаш по средбата која Груевски ја имаше со генералниот секретар на Алијансата.

Амбасадорката на Холандија на ручекот се запрашала дали не треба да се преиспита поканата за Македонија поради нефункционалната правна држава, зависноста на судството од власта и недостигот на слобода за медиумите. Другите амбасадори не се произнеле на таа тема но познато е дека Холандија не е единствената земја која веќе одамна се прашува дали поканата за НАТО и препораката за преговори со ЕУ се уште имаат некое значење за македонските власти.

Според оваа реакција на холандската преставничка, очигледно е дека прашањето за поканата за НАТО се отвара. Овие земји се сериозно загрижени за нефункционалната демократија во Македонија. Особено оние кои имаат свои амбасади во Скопје и кои од ден на ден ја набљудуваат ситуацијата и се секој ден соочени со потези кои не и соодветствуваат на една демократија.

Овие прашања, барем во ЕУ, не се ништо ново. Веќе три години, пред секој извештај на ЕК, многу земји членки се колебаат околу тоа дали да ја поддржат препораката. НАТО досега се држеше настрана преокупиран со важни воено-политички прашања во Европа но и во светот. И повторуваше дека проблем за членство е само нерешниот спор со името.

Во една од своите последни изјави, на 4 март во Брисел, комесарот за проширување Јоханес Хан подвлече дека за да може во Македонија «да се задржи европската перспектива навистина е неопходно проблемите да се решат во земјата и да се вратите назад на адекватните меѓународни и европски стандарди».

Накусо, Хан предупреди дека Македонија ќе ја загуби препораката за преговори за членство доколку не успее демократски да ја реши оваа криза.

Уште една таква изјава дојде многу порано, во 2011 година, од екс-комесарот за проширување Штефан Филе кој изјави «Со моменталниот недостаток на реформи и половичниот пристап во имплементацијата, властите не треба да земаат здраво за готово дека и следната година ќе ја има препораката како оваа година, дури и да се реши прашањето за името».

Очигледно е дека евро-атлантската чаша на трпение почнува да се прелева.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.