Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Холштајн: Договорот од Преспа значи безбедност за Северна Македонија

0
By Biljana on February 24, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со овој договор се покажа колку е важно да се биде дел од НАТО, да имате сојузници со кои ќе можете заедно да делувате, вели германската амбасадорка.

„Договорот од Преспа значи безбедност за Северна Македонија“, порача денеска германската амбасадорка во земјата, Анке Холштајн, коментирајќи ги најновите случувања со инвазијата на Русија во Украина.

Таа вели дека никој не очекувал дека ќе се случи ваков развој на настаните и никој не знае каде сето ова ќе води, но на македонските граѓани денеска треба да им стане јасно што значи Преспанскиот договор за земјата.

„Северна Македонија денеска јасно гледа што значи да се биде членка на НАТО. Да не беше земјата членка на Алијансата, таа ќе се наоѓаше во многу поинаква положба од сега. Преспа значи членство во НАТО и безбедна С. Македонија“, вели амбасадорката. Таа е децидна дека со овој договор се покажа колку е важно да се биде дел од НАТО и да се има сојузници со кои ќе може заедно да се делува.

Амбасадорката оцени дека со тоа што Северна Македонија планира целосно да се приклучи на пакетот санкции кон Русија, покажува политичка зрелост.

„Германија продолжува да го поддржува патот на Северна Македонија кон ЕУ на сите можни начини“, додава таа, но потенцира дека од суштинско значење е енергично да се унапредува реформскиот процес во земјата.

Според неа, постои целосно нова динамика во дијалогот со Софија од кој се очекуваат резултати, но важно е процесот на реформи во Северна Македонија енергично да продолжи напред, датумот на започнување на преговорите сам по себе не е важен.

„Немам кристална топка и не би требало да предвидувам што било, бидејќи тоа не зависи од нас, туку од други фактори“, вели Холштајн. Но, таа смета дека Северна Македонија веќе одамна е подготвена за почеток на преговори и за членство во ЕУ.

„Се согласувам со тоа дека овој регион е дел од Европа и треба под покривот на ЕУ еден ден да станеме уште поблиски и позбиени. Патот кон тоа не е краток. Ниедна земја којашто не е доволно подготвена нема да добие никаква корист од членството. Многу работи мора да се направат. Земја којашто сака да биде членка мора да биде и подготвена да ги издржи и пазарните притисоци на ЕУ“, рече германската амбасадорка.

Извор: Дојче Веле

Анке Холштајн
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.