Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Целта е вакцината да дојде до сите луѓе, порача дипломатскиот кор

0
By Нова ТВ on March 28, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дипломатскиот кор во земјава, којшто беше присутен при пристигнувањето на првите 24.000 дози вакцини преку Ковакс механизмот на Меѓународниот аеродром во Скопје, порача дека нивна цел е вакцината да дојде до сите луѓе, бидејќи, посочија, никој не е безбеден додека сите не се безбедни.

Американската амбасадорка Кејт Брнз по пристигнувањето на вакцините истакна дека е среќна што вакцините преку Ковакс механизмот пристигнаа денеска во земјава.

-Сите земји треба да имаат пристап до вакцините против Ковид-19 со цел да се стави крај на пандемијата. Брзото ширење на Ковид-19 ни покажа дека ниту една нација не може да делува сама кога станува збор за глобалните предизвици. Ќе се соочиме и ќе ја пребродиме оваа пандемија доколку делуваме заедно како партнери, порача амбасадорката на САД Брнз.

Германската амбасадорка Анке Холштајн изрази задоволство што денеска пристигнаа првите дози, иако како што рече, посакувала ова да се случеше три месеци порано.

-Германија е коосновач на платформата за снабдување вакацини и е нејзин најголем донатор со 2,1 милијарди евра. Ковакс снабдува во првиот чекор до крајот на мај 142 земји со вакцини. Од нив 89 земји се во развој чии вакцини ќе бидат финансирани преку меѓународни донатори. Вакцините се бесплатни за државите приматели. Секое петто евро за тоа доаѓа од Германија, секое трето евро од ЕУ. Ова го правиме тоа, бидејќи ние сме дури тогаш сите други се безбедни. Во битката за распределба секој против секого, Германија со ЕУ, со нашите прозиводствени капцитети, можеби краткорочно би победиле. Но по таа цена во остатокот од светот пандемијата и понатаму неконторлирано би се ширела, подвлече Холштајн.

Оцени дека распределбата не се одвива според политичка услуга и пи-ар вредност туку само според потребата и оти целта е сите во светот да можат да ја добијат потребната вакцина.

Британската амбасадорка во земјава Рејчел Галовеј рече дека Велика Британија, како еден од првите донатори во Ковакс досега oбезбедила 548 милиони фунти за Ковакс и 1,3 милијарди фунти помош за ставање крај на пандемијата со коронавирусот што е можно побрзо. Посочи дека вакцините спасуваат живот и ја намалуваат хоспитализацијата и оти уште вакцини се потребни, но никој од нас не е безбеден се додека сите не сме безбедни.

Францускиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер, пак, истакна дека со овие дози вакцини ќе може да започне вистинската и масовна кампања за вакцинација во земјава. -И ова е само почеток. Над 100.000 дози се предвидени во рамки на овој механизам. Ова е прекрасна вест за граѓаните и за медицинскиот персонал. Но се разбира и дека ова е прекрасна вест и за целокупната здравствена состојба што е најважно. Но ова одлична вест и на политички план, бидејќи истата е конкретен одраз на меѓународната солидарност, како и на европската солидарност. Сите сме засеганти од оваа пандемија и истата ќе ја победиме само доколку сме обединети и солидарни, порача Бомгартнер.

Никола Бертолини, раководител за соработка во Делегацијата на Европската Унија наведе дека ова е среќен ден бидејќи Ковакс пристигна и почна да испорачува. Тимот Европа донираше 2,2 милијарди евра во Ковакс и оти вакцините се светло на крајот на тунелот на пандемијата.

За Џихан Тавила, претставничка на СЗО во земјава, денеска е денот на знак на надеж бидејќи вакцините пристигнаа за оние на кои им се најпотребни а тос е здравствените  работници и лицата со хронични болести, кои долго време ги чекаа вакцините.

-Му се заблагодарувам на министерот Филипче и неговиот тим кои работеа напорно за да ги добијат вакцините, тоа е комплицирана работа не е лесно треба да се работи на регулатива, на логистика… Вакцините се рефлексија на солидарост во борба против вирусот. Се додека сите не се вакцинирани нема да бидеме безбедни, дотогаш треба да се придржуваме до мерките на дистанца, носење маска и одржување хигиена, рече Тавила.

Патриција Ди Џовани, претставничка на УНИЦЕФ во земјава ги охрабри луѓето да се вакцинираат, со цел, како што рече, да ги вратиме децата во училиштата, за децата да се чувствуваат здрави, родителите да можат да се вратат на работа, со цел да се бориме и против детската сиромаштија.

Росана Дуџак, Постојан координатор на ОН во Северна Македонија рече дека од почетокот на кризата ОН работи со Владата со цел намалување на последиците од пандемијата.

Вакцините „АстраЗенека“ што пристигаа денеска на аеродромот Скопје преку Ковакс механзимот се произведени во Кореја. Со нив вакцинацијата треба да стартува  в среда во вакциналните пунктови во здравствените домови. Покрај 24.000-те илјади дози што на здравствените власти им беа испорачани денеска во присуство на дипломатскиот кор и претставници на СЗО, ОН и УНИЦЕФ, за до крај на април преку Ковакс има најава за уште 76.000 вакцини од истиот производител за нашата држава.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.