Дваесет лица се повредени сабајлево во жесток судир помеѓу активистите од движењето „Окупирај го Центарт“ со полицијата во Хонг Конг.
Десетици полицајци се впуштија со гумени палки помеѓу демонстрантите на барикадите во северниот дел на областа Монкок. Како што соопштуваат странските медиуми, неколку луѓе биле изнесени со носилки.Според полицијата, органите на редот извршиле „минимален отпор”, кога демонстрантите „одеднаш одлучиле да преминат” низ ограничувачките линии. Демонстрантите изјавија дека не направиле ништо што би ја испровоцирало полицијата.
Според полицијата во Хонгконг, околу 9.000 луѓе учествуваа во судирите, а од нив 26 лица се приведени. Меѓу повредените има и 15 полицајци.
Местото каде што избувнаа утринските судири, речиси три недели е едно од објектите на протестите организирани од активисти на „Окупирај го Центарот”, решени да добијат попусти од Пекинг во правилата за спроведување на изборите преку граѓанска непослушност.
Јадро на протестот се студентите кои не сакаат Пекинг да ги дефинира правилата во поранешната британска колонија.
Кина, која во 1997 година го доби Хонгконг назад од Велика Британија, во август објави дека идниот шеф на локалната власт во автономната област Хонгконг ќе биде избиран преку директни избори во 2017 година, но до учество во нив ќе бидат примени само неколку кандидати, избрани од комисија.