Поранешниот претседател на Јужна Африка, 94-годишниот Нелсон Мандела, поради респираторна инфекција повторно е хоспитализиран, објави денеска јужноафриканската влада.
Иконата во борбата против апартхејдот, во декември, три недели поради воспаление на белите дробови, јавува Макфакс.
Добитникот на Нобеловата награда за мир е симбол на борбата против расизмот и неправдата, во својата земја тој има статус на живо божество и секоја веста за проблеми со неговото здравје предизвикува голема загриженост меѓу населението.
Од 1994 до 1999 година Мандела беше претседател на Јужноафриканската Република.