Поранешната прва дама на САД Барбара Буш е хоспитализиранa во Хјустон, Тексас, за третман “зa респираторни проблеми”, рече семејниот портпарол, јавува Си-Ен-Ен.
Буш, 88, беше примена во понеделникот во Методистичката болница, изјави портпаролот Џим Мекграт во писмената изјава.
“Таа има голем дух, веќе доби посети од нејзиниот сопруг и семејството, и добива фантастична заштита”, се вели во соопштението. “Новости ќе бидат соопштени кога ке има развој на ситуацијата.”
Си-Ен-Ен за прв пат беше предупреден за хоспитализација на Буш преку твитови од филијалата KPRC.
Нејзиниот сопруг, Џорџ Буш, беше 41 претседател на САД. Тој, исто така работеше како заменик- претседател два термина под претседателствувањето на Роналд Реган.