И коритото на Вардар се претвори во градежно земјиште. Хотел-ресторан ќе никне во неговите води, веднаш спроти Градскиот трговски центар, објавува Телевизија Телма.
Така ќе изгледа третата галија, која за разлика од претходните две, нема да биде само место за ручек, туку ќе нуди и хотелско сместување за туристите. Ќе се разликува и по тоа што нејзината метална кострукција ќе биде обложена со дрво, велат од фирмата која ќе стопанисува со неа.
Граѓаните коментираат дека сето ова е само шлаг на една невкусна торта. И порачаа на власта дека е време да се вразуми и да се откаже барем од идејата за сплавови во Вардар.

