Известувачот на ЕП за Македонија Ричард Ховит денеска во Скопје има средби со македонскиот државен врв и со претставници на политички партии.
Во изјава за медимуите, тој вчера ја нагласи важноста на неговата посета.
– Ова е критично и чувствително време за вашата земја и за односите на вашата земја со ЕУ. Ќе бидеме со вас, ќе ве слушаме и ќе водиме дијалог со вас. Сигурен сум оти ќе бидете на моја страна и бидете сигурни дека јас ќе бидам на ваша страна. Следните недели и денови се тешки и се што треба да се направи ќе се направи, рече Ховит.
Следната недела во земјата се очекува да допатува и еврокомесарот за проширување Штефан Филе, во врска со подготовката на пролетниот извештај за земјата и активностите во рамки на Пристапниот дијалог на високо ниво.