Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ховит: Ќе добиете позитивна резолуција во ЕП

0
By Нова ТВ on March 20, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Имаме политички договор меѓу сите главни партии во Европскиот парламент за компромис-амадмани за се освен за една точка, а тоа е нешто што се менува многу брзо и за што постојано ни треба ажурирање.

Ова во разговор со дописникот на МИА од Брисел го потенцира известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит, во однос на претстојното гласање за Резолуцијата за земјата закажано за 8 април.

Според Ховит, од 203 амадмани поднесени главно од грчки и бугарски европратеници, сега има десетина споени кои за две и пол недели Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) ќе ги гласа на попладневната седница.

Британскиот пратеник во Европарламентот одбива да каже околу која точка не може да се најде договор, но потенцира дека не станува збор за некаква крупна политичка точка, туку, дека “сакаме да користиме базичен јазик што беше пример пред Божик“, вели тој.

– Во секој случај, најважно е што нема некое крупно политичко несогласување меѓу мене како известувач и известувачите во сенка кои се претставници на сите политички партии во Европарламентот, вели Ховит.

За тоа дали ќе има негативни критики и “удари во заби“ за Македонија во резолуцијата на ЕП, Ховит вели дека извештајот на ЕП за секоја земја што пристапува кон Европската унија содржи и конструктивна критика.

– Мојот извештај ќе биде сличен и на претходните, но критиката е во насока на вистинското пријателство со земјата и вистинска мотивација да се придвижи на патот кон Унијата. Ништо повеќе, ништо помалку, дециден е пратеникот од редовите на социјал-демократите.

Според Ховит, може да се очекува уште една препорака од Европарламентот до Европскиот совет за неодложен почеток на пристапните преговори со Македонија.

– Распоредот за гласање на резолуцијата го поставивме да биде пред Специјалниот извештај на Европската комисија (н.з. кој ќе биде објавен на 16. април), иако се однесува на прогрес-извештајот на Комисијата од октомври, минатата година и се надевам дека тој, заедно со извештајот на ЕК ќе донесе до позитивна одлука и на Самитот на Европскиот совет во јуни оваа година. Тоа останува моја посветеност, вели тој.

Известувачот за Македонија во ЕП потврдува и дека придавката “македонски“ ќе се најде во оваа резолуција, но само еднаш.

– Оваа година сме на иста позиција како и лани, а тоа е дека се договоривме во ЕП да го користиме името на државата според договорот во Обединетите нации и тоа мора така да го правиме оти имаме правна обврска. Но, јас продолжувам и да го користам зборот “македонски“, како и лани, и сега ќе има една референца со оваа придавка со која сакаме да им покажеме на луѓето од оваа земја дека ние ја признаваме таа супстанца во овој момент. Но, ги исклучив сите други референци кои се однесуваат на името што е моја нормална пракса оти сакам Европарламентот навистина да помогне и да биде конструктивен со својата резолуција, што се прифаќа во вашата земја, но и во Европа и верувам дека тоа е начинот на кој го постигнувам тоа, вели Ховит.

Ховит вели и дека ќе има една референца за последните етнички инциденти во Македонија, со која ЕП ќе ги охрабри страните да креираат добри меѓуетничка односи. Тој потврдува дека во ЕУ се добро запознаени со овие инциденти и нема да ги осудуваат оти тоа би било погрешно.

– Правилно за нас е да упатиме апел за нормализација на меѓуетничките односи во земјата и да дадеме поддршка на сите што се борат за ова, вели Ховит.

Британскиот европратеник повтрдува дека ќе се бори да остане неговиот предлог дека ќе се случи пресврт во односот на Македонија со ЕУ ако нашата земја ги почне пристапните преговори што е можно побрзо, оти грчки и бугарски европратеници бараа тоа да биде исфрлено од Резолуцијата.

Според Ховит, ваквиот јазик провоцира дебата и тој збор не е традиционален во дипломатскиот речник, но провоцира разговор и привлекува внимание на неговата намера, која според него е да каже дека реформите и прогресот на земјата сигнификантно ќе се подобрат ако почнат пристапните преговори.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.