Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ховит: Настаните во парламентот се сериозен чекор назад

0
By Нова ТВ on February 11, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На само десетина дена пред комисиската расправа за најновата резолуција на ЕП за напредокот на Македонија, за која се поднесени рекордни 203 амандмани, известувачот Ричард Ховит доаѓа во земјава.

Тој ќе биде во Македонија од 13 до 15 февруари. Во краткиот разговор за Дојче веле, британскиот европратеник Ричард Ховит нагласува дека оваа негова посета е поважна од претходните, иако тој во својство на известувач ја посетува Македонија редовно. Ховит вели дека има „должност да биде во контакт со сите политички актери и сите останати фактори во општеството.“

„Но во моментов, кога постои прекин на политичкиот дијалог меѓу партиите, уште е поважно да бидам во земјата, да ги слушнам сите и да видам како европскиот пристапен процес може да ги врати работите на вистинскиот пат во Скопје.“

На прашањето дали е оптимист дека ќе биде најдено решение за дијалогот меѓу двете големи партии во Македонија, известувачот на Европскиот парламент вели дека неговата работа не е да биде оптимист или песимист.

„Мојата работа е да и помогнам на земјава да се приближи кон Европската унија и сакам да ги сослушам сите партии. Еврокомесарот Филе лично и детално ме извести за неговата последна посета овде и се надевам дека со тоа што ќе бидам во земјата, што ќе ги слушнам сите инволвирани во политичката криза, ќе имам позитивно влијание, но не како судија или посредник, бидејќи тоа не е мојата улога, туку позитивно и конструктивно влијание што ќе овозможи да се воспостави дијалог и да се фокусираме на тоа што треба, а тоа е добивање на датумот за пристапните преговори, што ми е главниот приоритет“, изјавува Ховит за Дојче веле.

Ховит не сака предвреме да оценува дали е загрозен процесот на европската интеграција во Македонија. Тоа ќе го направи по посетата на земјата и разговорите кои ќе ги води таму.

„Но очигледно, одлуката на Европскиот совет во декември е можност за земјата, откако три пати препораките на Европската комисија беа забележани, но Советот не дејствуваше според нив. Ова е важна можност и би сакал да зборувам за тоа со сите актери во земјата за да ја искористат таа можност“, рече известувачот на ЕП за Македонија.

Освен Ричард Ховит, во текот на овие денови во Македонија се очекува да пристигнат и други европратеници со цел да се воспостави политички дијалог меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да се врати во Собранието. Но, и ако СДСМ се врати во Парламентот и ако се воспостави политичкиот дијалог, штетата веќе е направена.

Во новите предложени измени на нацрт резолуцијата на Ховит се бара во извештајот да стои дека „настаните во парламентот се сериозен чекор назад во политичкиот дијалог и демократското функционирање на институциите во земјата“, се изразува загриженост од состојбата и се повикуваа владата и опозицијата да го обноват дијалогот, без оглед на тонот во повиците во зависност од политичкиот блок на тие кои ги испраќаат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.