„Ситуацијата е многу сериозна и тешка за земјата и за иднината на земјата во Европа. Мојот приоритет е да ги слушнам и да водам дијалог со сите страни“, изјави денеска Известувачот за Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит.
Тој денеска ја посети пленарната сала во Собранието каде се случија инцидентите од 24 декември.
“Бев во Парламентот и покрај фактот што една од партиите не е овде. Важно е што бев во просториите каде што се случиле настаните на 24 декември“ изјави европратеникот Ховит по средбата со спикерот Велјановски.
На средбата станало збор за неколку прашања поврзани со надлежностите на Поткомитетот за човекови права на Европскиот парламент и на одделни аспекти од случувањата во Собранието на крајот од минатата година.