Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ховит: Учењето на јазикот на другиот е охрабрување а не барање на ЕП

0
By Светлана Јовановска on January 20, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новиот извештај на Европскиот парламент (ЕП) кој ќе се гласа утре овој пат не е толку позитивен за Македонија како што до сега беше случај. Покрај вообичаените пораки до Советот на министрите на ЕУ да одреди датум за преговори со нашата земја новиот извештај на британскиот социјалист Ричард Ховит содржи цела низа критики за проблемите со кои се среќава Македонија.

Најпроблематичниот дел од извештајот, како и претходните години, беше споменувањето на придавката “македонски”. Во извештајот придавката е спомената на неколку места во грчките пратеници се разбира имаа забелешки на ова. Ховит сепак одлучи дека придавката на некои места треба да остане и покрај грчкото противење.

“Не сум имал никаква намера да го оставам на страна зборот “македонски” и тој ќе се појави во текстот, се надевам дека тоа ќе ми успее и денес при гласањето како и досега”, рече Ховит за Нова.

Проблем се појави и со изучувањето на албанскиот и македонскиот јазик. Во својот документ Ховит изрази жалење дека не е направен напредок за интегрираното образование и изрази “загриженост што се помалку млади етнички Албанци лошо го владеат македонскиот јазик што води до сепарација и потенцијали конфликти според етничките линии помеѓу учениците”.

Овој предлог на Ховит наиде пред се на амандмани од страна на повеќе пратеници. Неговите грчки колеги бараа да се избрише придавката “македонски” јазик и да се стави изразот дека младите треба да “го учат јазикот на другиот”. Но, според други пратеници, како словачкиот демохристијанин Едвард Кукан, овој член од резолуцијата е барање за двојазичност во Македонија, рече тој. Кукан смета дека тоа е во ред и дека во неговата земја Словачка барањето да се учи унгарски не би било позитивно примено.

На истата линија застана и Британецот Чарлс Танок кој исто така: “Зошто да се тераат луѓето да учат втор јазик. Ние не треба да каже кој јазик ќе се учи во таа земја”, рече Танок во дебатата.

Во кусиот разговор за Нова Ховит рече: “ова е предлог од грчки пратеник од партијата на зелени и се појави како недоразбирање не само во Македонија туку и во ЕП. Според мене работите се јасни и треба да се учи јазикот на другиот”. Според Ховит нема сомнение дека “јазикот на другиот треба да се учи но тоа е охрабрување а на барање”, појасни тој за Нова.

Но проблемите со Македонија не застануваат тука. Некои амадмани бараа Резолуцијата на ЕП овој пат отворањето преговори меѓу ЕУ и Македонија да бидат решени пред самиот почеток на преговорите.

“Извештајот вели дека почетокот на преговори треба да и помогне на земјата. Има еден амандман кој сугерира дека е подбро да се реши спорот со името што е можно побрзо. Овој проблем требаше да биде решен одамна и тоа предизвикува фрустрација во ЕП и во земјата”, вели Ховит за Нова.

Постојат и други точки во извештајот околу кои ЕП е загрижен и кои се во врска со преговорите за членство со Македонија. Тој смета дека Европската комисија (ЕК) треба да направи кванитативна анализа за тоа колку чини социјално, економски и политички, за Македонија и нејзините соседи, одложувањето на преговорите за членство.

Според резолуцијата, Македонија го исполнува Копенхашките критериуми и треба да почне преговори за поглавијата 23 и 24 во правдата, демократијата и човековите права за да се забележи напредок во овие области.

Резолуцијата смета исто така дека по 20 години неуспешни преговори можеби е време да се размисли дали рамката за преговорите, Обединетите Нации, е онаа која е кредибилна. И се бара од грчкото претседателство да придонесе за да се даде политички елан во преговорите за името.

Не е за изненадување исто така барањето за примена на договорот за 24 декември.

ЕП забележува и дека Албанија и Косово прават напредок кон ЕУ и загрижен е што македонското “албанско население би можело да се почувствува оставено одзади во процесот што може да доведе до ризик за добрите меѓуетнички односи и идната политичка стабилност на земјата”.

ЕП покажува исто така вознемиреност за слободата на изразувањето. ЕП повикува законот за медиуми да биде предмет на консултации и дијалог и да биде усвоен со широка согласност на новинарите. Се очекува дека владата и новинарите ќе продолжат со средби за да се напредува во оваа област.

Документот на Ховит ја охрабрува борбата против корупцијата но е загрижен поради долгите притвори и условите во затворите и исто така во однос на “широко распространетата перцепција дека времето и должината на законските процеси се под влијание на политиката запоставувајќи ја така довербата во судството, легитимитетот на владата и ослабнувањето на демократијата”, вели текстот. Од ЕК се бара во идниот извештај за Македонија да се направи анализа на пресудите на Европскиот суд кои пристигнуваат од нашата земја.

На утрешното гласање на Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе се види кои амандмани ќе бидат прифатени а кои не. Финалната резолуција ќе биде гласана во февруари. Оваа резолуција на ЕП, како и сите други, се само препораки за една земја и немаат законска ниту обрзувачка важност.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025
ФОКУС

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

ВЕСТИ September 16, 2025

Првото обвинение се оценува веќе четири месеци во скопскиот Кривичен суд, со образложение дека станува…

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025
CIVICA
ТИКЕР

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.