НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хроника на политички прогони: Лустрација на Хисен Шаќири

0
By Биљана Секуловска on August 20, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Серијал на НОВА за лустрацијата- Нора и Бени Шаќири сведочат за лустрирањето на нивниот татко- Хисен Шаќири, основач и главен уреднк на програмата на националностите на јавниот сервис МРТВ .

Еден од методите на времињата на владеењето на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, меѓу што спаѓа и самата лустрација, беше јавно жигосување и организирање на линч и прогон кон непослушните, критичарите. Но, за тогашната власт, беше важно тоа да бидат луѓето кои оставиле силна трага во историјата на оваа земја, кои ги поставиле темелите на државата, но и кои го претставуваат самиот темел.

Всушност, нападот кон овие луѓе- беше напад кон самата држава. 

Секуловска: Официјално образложение- за што беше лустриран вашиот татко?

Нора Шаќири: Ако добро се сеќавам, а добро се сеќавам, немаше образложение. Ништо, само стигна дека е лустриран и дека е донесена одлука да биде прогласен за соработник на тајните служби. Толку беше.

Документ немаше никаков, освен тој што ти го кажувам. Значи дојде курир на врата, донесе одлука, нивна, извршна која што, во која што се вели дека лицето Хисен Шаќири соработувал со тајните служби. Толку. И тука почна целата приказна. Затоа што, знаеш како, доаѓа некој ти вика- „Татко ти соработувал со тајните служби“. Добро? Доаѓа курирот, си ја врши работата и сега отвараш таму, гледаш… дека…

Он беше жив, да… Но,  веќе почнуваше да го фаќа болеста од која што подоцна почина, затоа што претходно веќе, претходно беа објавени сите оние коишто беа лустрирани. И тој беше, јас тоа сакам секогаш да го кажам, во топ петмината, во првите пет лустрирани. Значи мислам дека прво…. Мкд.мк сајтот, тој сајт го објави со име и со презиме. После стигна на врата (документот), во меѓувреме сите медуми веќе објавија дека таткото на Нора и на Бени, новинарот Хисен Шаќири е кодош.

(Кој го прими документот?) Мајка ми… (воздивнува) Мајка ми го прими документот. Потпиша дека е примено. Потпиша дека е примено, искрено да ти кажам, го отворивме, го прочитавме и … Онака на страна го тргнавме, затоа што ние веќе почнавме да се бавиме со болеста на Хисен…

(Знаеше татко ви?) Тој знаеше, затоа што претходно нели беше дека требаше да оди да даде изјава дека во тоа и тоа време никогаш не бил соработник, итн. Дека нели, ако е соработник, ако некако се прогласи дека е соработник, тој веќе нема да може да обавува јавна функција. Сакам да кажам, да нагласам, дека Хисен веќе беше во пензија кога го лустрираа, така да- немаше опасност никаква дека ќе добие не знам каква јавна функција. Нејсе.

Работеше како новинар во Македонска Радио Телевизија, значи тој се пензионираше како новинар и ми се чини дека година дена после тоа, тие го лустрираат.

Бени Шаќири: (се смее) За што… Затоа што беше чесен и добар човек, ете, за тоа беше лустриран.

Официјалното образложение е дека бил соработник на Службите, а нивниот одговор на нашето прашање за што конкретно е лустриран. Не знам, Нора ја бркаше таа работа и не знам дали има на писмено добиено, мислам дека има. Дека наводно при некоја негова посета на Тирана, како член на официјалната делегација, државна, во која меѓу останатите, бил и Мендух Тачи, ако не се лажам… За Бранко Црвеновски не сум сигурен, мислам дека и тој бил, тогаш стариот мој наводно известувал.

И… тоа му се става како товар и за тоа всушност го бркаа, го лустрираа човекот, наводно, бил соработник на Службите. Јас не знам, ако ти како новинар одиш сега и известуваш од некаков настан, меѓудржавен, на највисоко ниво, и еден ден да дојде и да те лустира. Мислам, за поголема глупост не сум чул.

 Која беше неговата прва реакција?

Нора Шаќири: Па, шок и… Доби Алцхајмер.

(Како последица на тоа?) Да, да. Да, шок, многу голем шок. Бевме заедно дома кога на Сител, Ивона Талевска објави дека… Хисен Шаќири, долгогодишен новинар и уредник во Македонската Радио Телевизија, таткото на пејачот Бени и водителката Нора Шаќири, бил соработник на тајните служби… Всушност дека е кодош.

… Тој ништо не кажа. Хисен беше многу мудар човек…  Сите ние знаевме дека ова не е вистина, премолчи и…  Следното утро ние веќе имавме работа со друг човек, не со оној Хисен кој што беше. Веројатно шокот во тој момент…  бидејќи тој го премолчи, ми се чини целиот момент. Значи сето ова се случуваше пред некои седум години, го премолчи целиот момент и веројатно тој внатрешен шок, односно она што тој го држеше во себе резултираше со… тоа што резултираше- со неговата болест и четири месеци подоцна, Хисен почина.

Значи тој во јуни некаде околу неговиот роденден 10 јуни 2012 година, тука се, тука беше, не ме држете сега точно за збор… Да, и на 14 октомври почина…

Значи, не беше апсолутно свесен Хисен, не можеше да се брани од постела, се разбира, и затоа јас тргнав во една приказна за да докажувам дека тоа не е така.

(Што зборуваше вашиот татко за лустрацијата?) Ништо. Кога отиде да го потпише документот, односно да даде изјава дека нели не соработувал со тајните служби, ни кажа, затоа што веќе се беше донел Закон нели за лустрација, итн., кажа дека ќе оди тоа да го потпише, бидејќи сите мораат тоа да го потпишат, да си дадат изјава. И океј, мислам човек нели кога е сигурен во себе тогаш нема што. И толку знаевме, никој од нас не се надеваше дека ќе дојде до ова.

Нема причини, има образложение дека, односно одлука дека човекот е лустриран и дека соработувал… Имал некакви, имал досие водено под тоа и тоа, под тој и тој број, подоцна јас се вклучив во истрагата.

Значи Хисен реков, беше болен, не можеше да се брани, апсолутно, и седнавме дома и рековме сите дека јас тоа ќе го преземам, се разбира со поддршка од браќата и од мајка ми. И се информирав за своите права, значи што можам да направам. Ми беше кажано дека како негова ќерка имам право на преглед во сите списи кои што ги има за него, меѓутоа, треба претходно, нели, да ги побарам по писмен пат, итн…

Се обратив секаде, прво до Комисијата за лустрација, и искрено да ви кажам дека, вака скопски ќе се изразам, „ме возеа“ некое време – „Може сега, па не може“, „Па дојди во три, па дојди во шест“, „Па дојди во понеделник, во среда“.. И така ја доаѓав и во еден момент немаа веќе каде и одобрија да можам прво да се обратам до Архивот на Република Македонија, бидејќи сите досиеја беа во депоата во Архив на Република Македонија. Тогаш влегов, побарав да видам што има за мојот татко и добив документ во кој што пишува дека лицето Хисен Шаќири не е евидентирано во нивните списи. Со тоа само ми кажаа дека не постои досие за мојот татко.

(Кој тоа ви кажа?) Архив на Република Македонија, официјално да. После тоа се обратив и до Управата за безбедност и контраразузнавање, значи и до таму. И од таму добив официјален документ, кој што го имам се разбира, неколку пати веќе бил и во јавност прикажан во кој што се вели дека лицето Хисен Шаќири не е евидирано во нивната документација, во досиејата, итн. Затоа што, сите предмети од УБК, или од не знам кои се други институции- одат во Архив на Република Македонија и таму се чуваат. Ако таму нема, тогаш нема никаде. Значи нема ни во УБК, ниту во Архивот на Република Македонија. Мене ми е тоа доволно да сфатам и да знам дека се работеше- за можеби не некаква одмазда према татко ми ама, можеби кон мене и моето гласно зборување во тој период.

Бени Шаќири: Знаеше дека се готви нешто претходно. Знам дека претходно инстистираше од Службата за државна безбедност, тогашна ДБК, не знам како се викаше тогаш, затоа што тие 15 пати сменија имиња- инсистираше да добие документ дека не бил соработник на Службите. Значи, тој беше толку напред со материјалот,  пред сите други, уште кога почна Стојан Андов да го предлага тој Закон за лустрација, пред колку години е тоа… Тој тогаш рече… Јас фино се сеќавам, ние правевме муабет. Вели- “Ќе одам во ДБК и ќе барам да ми дадат потврда на писмено дека не сум бил соработник на Службите”.

Затоа што, знаеш како, во едно вакво наше измрцварено, испревртено општество, за жал, се уште постојат луѓе коишто сакаат да си останат на страната на вистината и да бидат чисти- и пред себе, и пред нивното опкружување. Затоа што, често пати, тој беше, на секакви, условно кажано, на позиции, функции, беше главен и одговорен уредник на редакција, па беше главен и одговорен уредник на редакциите на малцинствата… тој практично ги измисли тие редакции, тој ги создаде.

Стално се бунеше- “Зошто да имаат редакција само Албанците и Турците, нека имаат брате мили сите. Јас ќе ги држам под моја капа”.

И, ден- денес луѓе ме среќаваат и го фалат за тоа. Нејсе. И во неговиот колектив, тој важеше за премногу слободоумен човек за нивниот вкус. Беше премногу широк и отворен. Онака народски, нашки кажано, многу беше напред со материјалот, беше пред сите останати. Мислам, имаше што да се научи од него. Му завидуваа на неговата чесност, отвореност, искреност, ум, способност. Беше воркохолик неверојатен. Му завидуваа и не знаеја како да му…. таа човечка злоба, кога ќе излезе на површина, не знаееја како да… Дека му завидуваа тие едноставно, стално го теретеа како некаков шпион, во тоа време популарно кажано.

-Дај, пушти, тој е шпион.

Мислам, јас сум влегувал во некакви друштва на луѓе, разноразни комбинации кои стално велат- “Зошто така зборуваат за тебе и за татко ти? Сосема сте нормални и океј”. Важеше за некаков… Го носеше тој ореол на шпион, а човекот беше се, само не шпион.

Знам и тврдам најодговорно, знам, дека отиде, појде во ДБК и доби потврда. Тој доби една потврда и Нора извади втора. Значи, имаме две потврди дека не е соработник на Службите, и упорно оној кретен, оној Аџиев, како се вика оној, не го ни знам… Заедно со уште некои внатре луѓе, инсистираа на тоа- тој да биде лустриран.

И… кога приватно раскопав, затоа што се пикам по разно-разни кругови, јас во суштина, дознав дека внатре член на Комисијата, не ни знам како се вика тој… инсистирал да Хисен биде лустриран… Кога ќе загребеш под површината, секако мора да излезе некаква причина, или мал, ситен проблем, а тоа е дека, на времето, на некаков конкурс, тој истиот се пријавил во Албанска редакција и стариот не го примил затоа што сметал дека не ги исполнува критериумите и условите за да биде дел од тимот таму. И најчовечки добил одговор- “Не, не можеш да работиш тука”. И тогаш се врти тоа, како велат, тркалото, и, човекот станува член на таа Комисија за лустација, и упорно, од внатре знам од Комисијата, инсистира да Хисен мора да биде лустриран.

Секуловска: Дали доби вашиот татко официјален документ за лустрацијата?

Бени Шаќири: Официјален документ… Знам дека Нора едно време (се смее) беше опседната со тоа. Значи, киснеше секој божји ден (во Комисијата)

– Добар ден. Дајте ми документ дека е лустиран и за- што (потенцира). Значи, дајте ми образложение.

Сега, чекај, иди Архив, држ- не дај, горе-доле, дали го зема документот-јас не знам. Ама, јас тогаш се договорив со Нора- да не правиме дупла приказна.

Но, знам дека со Нора се договоривме, не беше вработена тогаш, имаше многу време. И се посвети максимално на таа проблематика. Така да, јас мислам, многу, многу порелеватни одговори она би ти дала. Затоа што, таа беше посветена на таа проблематика. Сакаше да го истера до крај. И мислам дека нема официјален документ. Дека не е соработник на Службата има официјален документ од ДБК, јас сум го видел. И тоа не еден, туку два. Едниот татко ми го виде, другиот Нора.

Секуловска: Како вие дознавте дека е лустриран?

Бени Шаќири: Тоа беше онаа хајка телевизиска, таа не се водеше само кон татко ми. Тоа беше хајка во која беа (се смее) лустрирани и Милчин, Славко Јаневски, и Фрчкоски. Мислам, пази. Јас на крај, секогаш, на шала- на смеа велам- “Штом си во такво друштво, супер, фраер си”. Замисли да те лустират и ти да си бил во друштво со овие ѓилкошиве, што беа тогаш- Груевски и компанија. Мислам, тоа е вон памет. Вака, беше добро друштво. И беше чест да се биде во тоа друштво.

Тргна хајката, тоа беше медиумска кампања. Не се сеќавам како дознав. Мора да бидам искрен дека никогаш не сум придавал значење на тоа. Мене тоа ми е баш без врска и смешно. Затоа што, знаеш како рекол Тито, таму, 30 и која година, кога го апселе: “Јас не го признавам овој Суд, и- точка”. Ниту пак јас сметам дека таа Комисија е легитимна, колку год да е таа законски создадена, итн. Мене ми е тоа смешно, така да, не се сеќавам на првиот момент дека е лустриран, но знам дека беше во тој период кога се бавеше јавноста со тоа, кога новинарите на сите ѕвона трубеа дека е таа група, внимавај, кои се тоа личности.

Јас се сеќавам на една друга од таа приказна, од таа медала, дека тогаш и новинарите масовно сакаа да се додворат на властодршците, на таа врхушка вмроистичка, која владеше за жал, 11 години. И тоа беше целото помпезно најавувано. При глуви уши ќе дознаеш дека- ако си лустриран- дека си навистина лустриран. Во конкретниов случај, дека татко ми е на тапет, ама мене тоа ништо не ме… мене лично не ме погоди воопшто.

Мене највеќе ми пречи тоа што… луѓето знаеја, конкретно тие, внатре во Комисијата, тие знаеја дека тој е болен. Убеден сум  дека знаеја… дека е болен, и… Мене не ми е јасно, дали луѓето носат нешто човечко во себе. Знаеш, како. Мислам, пази, и Хосни Мубарак беше, сега прочитав, починал, кога виделе дека е на смртна постела, а беше две-три години, но видоа дека не е во ред и го пуштија, затоа што не е во ред. Истото се случи и со Пиноче, итн. Пази, луѓе коишто биле, диктатори. Тоа е работа на сосема друга анализа. А не па човек еден обичен, којшто бил само новинар, општествен работник, добар бил.

Како да ти кажам, беше… еден, неверојатно скромен човек. Никогаш никому не згрешил, барем јас да знам. Мене ми доаѓале луѓе, ми кажувале, отпосле, внатре ситуации кои се случувале на работа кај него. Никогаш не подметнал никому. Тоа го знам со сигурност, го тврдам за него. Затоа што, и ме воспитувал, и сум го следел, како се однесува со луѓе, како… Беше неверојатен лик.

Мене ми е баш чудно да… без разлика за кого се работи, ако е на смртна постела, остај го, што го макљаш по… имаш ли барем малку достоинство некакво. Тие немаа ништо. Ни ден-денес го немаат, они стојат зад тоа, мислам пази, Томе Аџиев… Јас сум човек израснат на улица, поникнат на вие улици и… за себе можам слободно да кажам дека поседувам природно скенер за човек. Вака- ќе го видам, не треба ништо да прави муабет. Само ќе го видам, ќе си создадам колку-толку некаква слика за него. Мислам, Томе Аџиев само ќе го погледнеш и ќе видиш дека е душман. Го гледаш човекот, знаеш дека е душман,  тој е создаден да биде душман. И не случајно е одбран да биде претседател на таа Комисија.

Но, мора да ти кажам вака интимно, може да го напишеш, а и не мораш, ако некогаш ми се пружи прилика во животот, ќе му вратам (на Томе Аџиев). Сто отсто. И на него и на тој внатре (членот од Комисијата кој претходно бил одбиен од албанската редакција). Не заради тоа што го лустрираа. Јавноста, општеството, државата, системот, требаат точно да знаат кој на кого наштетил и треба да сноси консеквенци за тоа. Не е тоа нешто, што ајде сега ќе простуваме. Не сме во црква. Има систем кој мора да функционира.

Но, да немаш до толку емпатија, да не носиш ништо човечко во себе, на смртна постела да го лустрираш човек и да го влечеш по медиуми, негoвото име, а притоа, да излезеш со аргумент дека тој известувал од настанот во Тирана, каде што… за Мендух Тачи сто отсто знам дека беше, а дали беше Бранко со нив, можеби и не е, не е важно, не ме држи за збор. Што му  е друга работа на новинар од тоа да биде, да присуствува на настанот и да известува. И тоа директно, јавно да се вклучи во Дневник. Значи, тоа не е нешто што… пишан збор, па некој го испревртил. Имаме аудио, тонски запис. И тоа некаков без врска аргумент. Мислам, тоа не е аргумент воопшто, тоа е… Се гледа дека е тенденциозно и дека е намерно. Е, ако е намерно, Бог нека им се смилува.

Секуловска: Како реагираше семејството, најблиските, неговите колегите негови и како јавноста?

Нора Шаќири: Јас пишував едно време за неговите колеги. Искрено да ти кажам, многу се разочарав од нив затоа што никој од нив не застана, не во негова одбрана, мислам тука нема што да се одбранува, меѓутоа никој не застана вака јавно, со поддршка или да праша на пример што се случувало.

Е, после тоа кога затропа мечката на нивна врата, бидејќи имаше и неколку од новинарите, и тогаш почнаа да ме прашуваат и да се консултираат со мене- каде да одат, што да прават, како било, што било. Не дека нешто спектакуларно јас очекував од нив, ама очекував минимум, минимум поддршка од нив, затоа што татко ми секогаш беше тука за нив и во годините во коишто работеа заедно. Семејството шок, апсолутно, иако длабоко во себе… Мислам сите ние знаевме кој е, кој беше нашиот татко.

Јас накачив, исто така, болест од тој стрес.

Јавноста, оние што го познаваат татко ми, знаеја за каков човек се работи, оние што не го познаваа татко ми, го запознаа преку мене и преку мојата борба за докажување на неговата чесност и вистината за него и фала им. Имав поддршка од нив, да.

Бени Шаќири: Многу е природно да на прва луѓето изреагираат изреволтирано. Но, затоа што во тој момент, во тоа време во Скопје ти немаш официјални институции, лица, или не знам како  би  ги нарекол, негде да отидеш, да се пожалиш- Чекајте, што правите? Значи, тоа- кажал Томе) така е, и- така е (се потсмевнува). И сите се прикачија на таа приказна- и новинари, и јавност и овој и оној. Но, револтот беше како- кој. Мене ми беше смешно. Јас тоа им велев -“Немојте да се бавите со глупости, каква лустрација. Нема врска”. И секогаш го аргументирав неговото кодошување- во наводници, дека е во добро друштво.

Мајка ми беше доста, доста погодена, особено што тоа беше еден, лош, несреќен период за сите нас. Татко ми беше болен, тие го лустираат, ти се бавиш со сешто-нешто…

Но, генерално мислам дека семејството и пријателите знаат за кого станува збор, така да… Јас лично мислев дека можеби повеќе ќе изреагират луѓето. Дали атмосферата беше таква, условно кажано, на овие што сме од оваа страна- опозиционери. Знаевме дека тоа е… (се смее) фото-монтажа, јас ја нарекувам така.

…Старата моја некако беше така погодена, а… Нора беше ифрит-лута, она нешто трчаше нон-стоп. Мене ми беше смешно. Се разбира, брат ми (Денис Шаќири) е во Холандија и он се смее. Он е најсмирен од сите, вели- “Што се бавите со глупости ( се смее) Бавете се со паметни работи. Нека лустрираат колку сакаат”. Сега јас ќе излезам и ќе кажам- Некој дека е не знам, дека е killer; дека е убиец. Треба да го докажам тоа. Ако немам аргумент, ќе излезат новинари, ќе излезат сите.

Јас ќе излезам јавно, ќе им кажам дека јас сум работел за Службата во војска. Мене ми било наредено да работам за Служба. Јас не го кријам тоа. Мене ми било чест да служам во таа армија, да бидам дел од тие безбедносни структури. За моја среќа, никогаш не сум наишол на ништо сомнително. Така ми помина некако безбедно и убаво тој период. Лесно. А бев војник, активен војник на тогашниот воен КОС- имав наредба од ЈНА да работам за нив. И сега што? Зарем треба да се срамам од тоа? Не се срамам никогаш за ништо, баш ми е гајле.

Секуловска: Како нивните реакции тој ги доживеа?

Нора Шаќири: Немаше, Хисен беше во кревет. Знаете кога имате Алцхајмер… Алцхајмерот е онаа напредна фаза на деменција, тогаш не знаете ни кој сте, ни што сте, ни од каде сте. Така да тој немаше шанса да види што, кој кој му дава поддршка, а кој не му дава поддршка (нагласува), кој и натаму се обидува да го оцрни, само во еден момент, можеби тоа беа три-четири секунди од неговото враќање во свесна состојба, ме замоли да го завршам тоа што го почнав за него. И толку беше.

Продолжува следната недела: Кои се вистинските причини за лустрацијата на Хисен Шаќири

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.