Лука Модриќ (31), сепак, мораше на операција на коленото. Зафатот беше направен во Мадрид и мина во најдобар ред што потврди и самиот хрватски репрезентативец на член на Реал. Прогнозите се дека ќе паузира од фудбалски терен околу еден месец.
„Операцијата мина успешно. Се оди според планот. Благодарност до докторите Лејес и Амарберија, на целокупниот медицински персонал во Реал и на клубот на грижата. Ќе сторам се што побрзо да се вратам на терен. Хала Мадрид и форца Хрватска“, стои во пораката на Модриќ до навивачите преку Инстаграм.