Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ денеска изјави дека, во договор со претседателот Иво Јосиповиќ го започна повлекувањето на хрватските војници од ОН набљудувачката мисија во Голанската Висорамнина.
Одлуката следеше откако „Њујорк Тајмс” објави дека Хрватска наводно врши продажба на оружје на Сириските бунтовници и поради тоа, како што рече Милановиќ на хрватски војници не им е гарантирана безбедност.
“Со ова нашите војници се изложени на непредвидливи ризици. Наша одговорност и задача е да мислиме на тоа и кога е потребно, да делуваме “, рече Милановиќ на седница на Владата.
Милановиќ додаде дека Хрватска колку и да ги негира информациите на светските медиуми, „не може никогаш да ги негира”. Тој посочи дека за разлика од другите мисии, хрватските војници во Голанската Висорамнина се речиси невооружани.
Според официјалните информациите објавени во „Њујорк Тајмс”, премиерот рече дека никој не може да биде сигурен дали некој ќе превземе нешто против хрватските војници, и токму поради тоа Хрватска одлучи да ги заштити своите луѓе.
Според официјалните бројки, хрватскиот контингент во набљудувачката мисија на ОН во Голанска има 97 луѓе ко се вклучени во мисијата и војници од Австрија, Индија, Јапонија и Филипини