Хрватска од продажба го повлекува црвениот пипер Надалина со потекло од Шпанија кое го пакува Луксор Д.О.О Солин поради зголемена концентрација на канцерогениот микотоксин.
Министертсвото за земјоделство соопшти дека пакувањата од 100 грама со рок на траење до 11 март 2014 година се повлекуваат од рафтовите во маркетите поради зголемена количина на опасниот микотоксин.
-Министерството денеска доби известување за зголемена концентрација на микотоксин, по што ја известивме санитарната инспекција која потврди дека производот се наоѓа во продажба. Во тек се понатамошните инспекциски контроли стои на веб страната на Министертвото за земјоделство на Хрватска.
Mакедонската Агенцијата за храна и ветринарство сеуште не известила дали овој производ го има на македонскиот пазар и доколку го има дали ќе биде повлечен од продажба.