Лидерот на највлијателната партија во моментов во Хрватска, ХДЗ, Томислав Карамарко поднесе оставка од управувањето со партијата.
Како што вели тој, причини има повеќе но клучно било што и ветил на партијата дека ќе успее да креира мнозинство за рекомпонирање на власта, но не успеал.
-Во секој цивилизиран свет нормално е ако не успеете да поднесете оставка, порача Карамарко во обраќање до јавноста, образложувајќи дека политиката е валкана иако тој не сакал да биде така.
Сепак, истакна дека е горд на своите достигнувања и за она што го направил за време на четири години управување.
Тој исто така смета дека Владата на чело со премиерот Тихомир Орешковиќ била нефункционална и таа не требало да опстои.
Карамарко инаку беше потпретседател на Владата на Орешковиќ, на кој пак неодамна му беше изгласана недоверба.