Свештеникот Домагој Келава од Сукосан неколку дена откако бил пуштен од затворот каде бил испратен поради физички напад на калуѓерка, претепал друга жена, јавуваат хрватските медиуми. Наводно се работи за жената која сведочела за првиот напад.
Хрватскиот портал Индекс наведува дека жената завршила во болница и дека има полесни повреди.
Поради прекршување на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, предизвикано од дрско и недолично однесување, осомничениот денеска со обвинителниот акт ќе биде на распит во Задарскиот суд.
Свештеникот Домагој Келава беше ослободен пред десетина дена. Пред вчерашниот втор напад, физички ја нападнал калуѓерката.